10 трикови за ручекот да изгледа како да е од најдобриот ресторан

10 трикови за ручекот да изгледа како да е од најдобриот ресторан

Ставете сок од лимон, сок од лимета или дури и малку оцет како последен чекор при готвењето тестенини, супа, компири, риба и месо на скара. Во продолжение прочитајте ги најдобрите трикови на готвачите.

10 трикови за ручекот да изгледа како да е од најдобриот ресторан

1. Не фрлајте го коренот од остатоците од зеленчукот и од растенијата

Професионалните готвачи не фрлаат ништо. Тие ги користат стеблата од магдонос, од целер и слично за сосови и супи. Сепак, важно е да ги отстраните стеблата од супата пред да ја послужите.

2. За повкусен оброк, додајте нешто кисело на крајот на готвењето

Завршете го готвењето со оцет. Тој е исто толку е важен како солта, но честопати се заборава. Додајте сок од лимон, сок од лимета или малку оцет како последен чекор при готвењето тестенини, супа, компири, риба и месо на скара.

3. Посолувајте цело време

Повеќето луѓе ставаат премногу сол на почетокот и на крајот на готвењето. Додавајте сол малку по малку во текот на готвењето.

4. Пржете го пилешкото двапати за да биде крцкаво

Испечете го пилешкото, извадете го и оставете го да отстои околу 10 минути, а потоа повторно печете уште три минути.

5. Тајна состојка за сочно месо на скара

Користете намаз од риба кога подготвувате месо на скара. Прелијте го месото над отворен оган.

6. Сол во кафето

Некои луѓе додаваат прстофат сол во кафето пред да го сварат за да ја снема горчината.

7. Совршено варени компири

Ставете ги во ладна, а не во топла вода. Така, помалку ќе се распаѓаат.

8. Ставете влажна крпа под даската за сечкање

За да не се повредите при сечкањето, треба да бидете сигурни дека даската за сечкање нема да се движи. Џејми Оливер препорачува да ставите влажна крпа под даската.

9. Измијте го оризот пред да го готвите

Измијте го оризот пред да го готвите за да се ослободите од вишокот скроб.

10. Користете печени семки и ореви како гарнир

Пржете ги оревите во тава и искористете ги како додаток на салати, супи, филети, тостови и сосови.

Погледнете ги овие кујнски трикови и откријте како да ги измерите состојките без вага.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар