10-те најдобри љубовни цитати што совршено ги опишуваат Биковите

Бикот е еден од најромантичните хороскопски знаци и е подготвен да стори сè кога станува збор за љубовта. Припадниците на овој хороскопски знак не сакаат промени и стојат понастрана од комплицираните односи, така што едноставноста е клучен збор за Биковите. Меѓутоа, не потценувајте го нивното чувство за романса, бидејќи Бикот е еден од најромантичните, најлојалните и најпосветените знаци во астрологијата.

10-те најдобри љубовни цитати што совршено ги опишуваат Биковите

1. „Верувам дека сум силна кога работите се одвиваат наопаку.“ – Одри Хепберн

Биковите се личности кои стојат исправено кога ќе се соочат со опасноста.

2. „Вистината постои. Само лагите се измислени.“ – Жорж Брак

Искреноста е најдобриот избор затоа што не можете да го излажете Бикот. Припадниците на овој хороскопски знак се многу свесни за тоа што е реално, а што е измислено.

3. „Имам прилично лош темперамент, но треба навистина да ме предизвикаш за да го видиш.“ – Џенет Џексон

Не предизвикувајте ја среќата. Бикот ќе ви попушти многупати пред да одлучи да ви го покаже неговиот лош темперамент, а кога ќе дојде тој момент, бидете многу внимателни затоа што нивната „луда“ страна се крие тука некаде и ве чека да направите грешка.

4. „Јас сум многу среќна дома.“ – Ума Турман

Откако Бикот ќе помине една недела забавувајќи се активно, нема ништо подобро од една недела одмор дома гледајќи го своето омилено ТВ-шоу.

5. „Тајната за користење на моќта не е да ја користите моќта. Доволно е да ја имате.“ – Џесика Алба

Биковите се доволно развиени духовно за да знаат дека најдобрата борба е онаа во која не учествуваат.

6. „Не сакам да бидам сама. Сакам да останам сама.“ – Одри Хепберн

Бикот е многу друштвен знак. Овие личности сакаат да бидат опркужени со луѓе и многу копнеат по пријателства. Но, кога ќе дојде време да се затвори таа врата, тие ќе ви го кажат тоа.

7. „Мажите не се потреба. Тие се луксуз.“ – Шер

Припадничките на овој хороскопски знак знаат точно што сакаат и што не сакаат. Тие не преземаат непотребни обврски, ниту ветуваат повеќе отколку што можат да дадат.

8. „Јас секогаш замислував дека можам да бидам тоа што сакам да бидам.“ – Крис Браун

Биковите се посветени практичари на законот за привлекување. Тие го гледаат тоа што сакаат во својот ум и секојпат го манифестираат соодветно.

9. „Вистинска храброст е кога знаете дека ќе бидете совладани уште пред да почнете, но сепак го започнувате тој процес без оглед на сè.“ – Харпер Ли

Не станува збор за целта, за повредата или за неуспехот, туку станува збор за процесот. Биковите не се повлекуваат и не попуштаат.

10. „Сакам да ги искористам тешките периоди од минатото за да ме мотивираат денес.“ – Двејн Џонсон

Бикot се сеќава на сè и ништо во неговиот живот не е загуба. Овие личности не веруваат во неуспех бидејќи секој момент од нивниот живот е дел од една поголема слика. Сè има вредност, без разлика дали е добро или лошо.

Прочитајте ги 10-те причини зошто жената Бик е еден од најдобрите партнери во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар