10 причини зошто жената Бик е еден од најдобрите партнери во врската

Запознавањето со жена Бик може да ве „однесе“ во паралелен универзум исполнет со љубов и страст. Не само што жената Бик алтруистички ќе ви ги исполни сите ваши желби, туку ќе добиете и лојален партнер кој ќе се посвети на тоа врската да успее. Жената Бик е најдобриот љубовен партнер што може да си го замислите. Во продолжени прочитајте зошто е тоа така.

10 причини зошто жената Бик е еден од најдобрите партнери во врската

1. Тие се многу внимателни

Никогаш нема да сретнете повнимателна личност од Бикот. Оваа дама ги сака фините нешта во животот. Жената Бик може да отиде на шопинг, да закаже спа третман и да си купи цвеќиња. И тоа не го прави затоа што имала тежок ден на работа или е емотивно исцрпена туку поради тоа што сака да биде разгалена. Но, за разлика од другите, таа сака самата себеси да си угодува. Нејзе ѝ е потребно време за себе и таа тоа си го овозможува.

2. Жената Бик е најлојалната личност

Ако една жена Бик се заљуби во вас, тогаш опуштете се – затоа што таа никогаш нема да ве напушти. Но, ако сфати дека врската нема иднина или се сомнева во вашата компатибилност, нема да потроши ниту секунда повеќе пред да одлучи да ве напушти.

Од друга страна ако Бикот рече дека ве сака, тогаш сигурно не треба да се посомневате во љубовта. Оваа жена нема никогаш да си поигра со вашите чувства. Таа постојано ќе „ви го чува грбот“ и ќе ви биде најголем поддржувач и мотиватор. Ако ве сака таа е спремна да се жртвува за вас.

3. Страста и возбудата се во нејзините вени

Ако не можете да ја пронајдете, таа ќе ве пронајде вас и заводливо ќе игра криенка затоа што не е лесна за освојување. Најлесно ќе ја сретнете во блискиот бар со скап пијалак бидејќи таа сака луксуз. Таа ќе ве држи на штрек постојано. Никогаш нема да знаете на што сте. Оваа мистерија ќе ја прави врската напната и забавна.

4. Ако барате преданост и поддршка, ја пронајдовте вашата сродна душата!

Жената Бик го гради своето „гнездо“ во домот и постојано „кружи“ околу него. Сепак, таа има и список од егзотични дестинации што сака да ги посетите барем еднаш во животот.

Откако ќе се увери дека го пронашла вистинскиот партнер, ќе се потруди да испланира патување од соништа. Поважно од дестнацијата ќе ѝ биде тоа што патува заедно со вас.

5. Жената Бик сака секогаш да биде убава

Ова значи дека таа ќе се потруди пред вас секогаш да изгледа божествено. Понекогаш може да биде и малку мрзлива и да го помине целиот ден во тренерки, пиејќи си кафе. Но, штом ќе падне ноќ, таа ќе ве воодушеви со својата појавност.

6. Оваа жена е многу тврдоглава

Иако делува како груба и негативна личност таа всушност е неодолива. Нејзината тврдоглавост ја тера да се бори за сè што ѝ значи и во што верува во животот. Повеќето дами Бикови го знаат тоа и тврдоглаво се држат до таа нивна особина. Ги бранат своите ставови, но ако сфатат дека не се во право, тоа и го признаваат.

7. На жената Бик не ѝ требаат отмени вечери

Мрзеливоста е уште една таканаречена „маана“ на Биковите. Таа понекогаш нарачува храна и гледа филмови по цел ден.  Иако овој знак е таков со него никогаш не е здодевно. Нема нешто што таа сака повеќе од тоа да ве гледа во очи додека вие си играте со нејзината коса.

8. Таа ја цени хармонијата повеќе од било што друго

Жената Бик ќе даде сè од себе затоа што сака да постигне хармонија во сите аспекти од нејзиниот живот. Таа ќе се труди да ги задоволи вашите барања и да покаже дека ве сака дури и кога има лош ден. Вашите недостатоци се и нејзини недостатоци затоа што вие сте тим. Таа ќе ги согледа сите аспекти од проблемот и ќе се обиде да остане непристрасна за да го реши.

9. Нејзината љубов е подлабока од океан

Жената Бик е наметлива и суптилна. Таа може да биде тивка по природа, што може да значи дека е срамежлива, но се труди себе си да се покаже како екстроверт. И покрај тоа, кога таа ве сака, ве прифаќа со сите доблести и маани, па дури и вашите проблеми ги смета за свои.

10. Сите сетила и се постојано вклучени

Жената Бик ги користи сите нејзини сетила. Може да создаде романтична атмосфера палејќи свеќи, а ваше е само да уживате. Дури и едноставните гестови како држењето за рака се убави за неа. Ако љубовта е заемна таа ќе направи сè за да уживате со сите сетила.

Жената Бик е благослов кој може да создаде магија во вашиот живот! Таа ќе го направи и невозможното за вие да се чувствувате сакано и безбедно.

Можеби сакате да прочитате и како Бикот може да стане подобар партнер во врската?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар