10 начини да ја зацврстите љубовта во вашето семејство

10 начини да ја зацврстите љубовта во вашето семејство

За да имате цврсти пријателства полни со љубов, мора да се погрижите тие да почнуваат со вашето семејство. Љубовта е она што го одржува семејството заедно. Без неа, ниту едно семејство не може да го поднесе тестот на времето. Семејната љубов често е пример за безусловна љубов, а ова значи дека без разлика на сите несогласувања и недоразбирања, чувствата помеѓу вас остануваат исти. Па погледнете како да ја зајакнете љубовта во вашето семејство.

10 начини да ја зацврстите љубовта во вашето семејство

1. Вклучете некој облик на духовност

Во вашиот дом и вашите интеракции вметнете некоја форма на духовност. Голема е веројатноста сите да имате некој идеал којшто ви е заеднички, без разлика дали сте од исти или различни религии. Најдобриот идеал за единството е љубовта.

2. Јадете заедно

Заедничкиот оброк е најдоброто место за разменување на возбудливи искуства. Но доколку односите помеѓу вас се проблематични, овој собир може да биде вистински пекол. Токму поради ова важно е да имате барем еден заеднички оброк со цел да најдете заедничко разбирање.

3. Другите нека се чувствуваат сакано и прифатено

Кога разговарате со вашето семејство, важно е на членовите да им дозволите да се чувствуваат сакано и да бидете љубезни, па дури и ако треба понекогаш да признаете дека грешите кога всушност сте во право.

4. Одете некаде заедно

Заедничкото патување, макар и на само еден ден, може навистина да ве зближи. Понекогаш недоразбирањата може да се само резултат на опкружувањето. Кога ќе го промените, ќе добиете подобра перспектива за вашите односи.

5. Смејте се заедно

Минувајте време гледајќи комедии со вашето семејство. Одете во кино, играјте игри, кажувајте си шеги… Секогаш кога се смеете со некого, се поврзувате на навистина длабок начин.

6. Поставете цврсти граници за себе

За да можете да бидете отворени кон членовите на семејството и да ги сакате без да ја трошите вашата енергија, важно е да имате цврсти граници. Исто така важно е да ги известите членовите на семејството за овие граници. Покажете почит, доверба и искреност за и тие да го направат истото.

7. Негувајте ги меѓусебните односи

Организирајте заедничко дружење со семејството. Доколку немате време да го правите тоа секоја недела, правете го барем преку една недела. Обрнувајте му внимание на секој член од семејството и одете заедно на кино, на пијачка или на вечера.

8. Немојте да озборувате или да чувате тајни едни од други

Озборувањето и чувањето тајни само ќе го уништат вашето семејство. Можеби понекогаш озборувањето зближува, но кога се здружувате со еден член од семејството за да зборувате зад грбот на друг, само ќе го расипете вашиот однос.

9. Разговарајте за важните работи

Наместо празни разговори и озборување, или теми кои предизвикуваат кавги, обидете се да разговарате за работи кои се навистина важни. Разговарајте за вашите чувства, емоции, желби и цели. Вашето семејство е овде за да ве ислуша и да ве поддржи.

10. Не обидувајте се да промените никого

Никој не е совршен, ниту членовите на вашето семејство. Но не е ваша задача да ги менувате, ниту пак тие треба да ве менуваат вас. Прифатете ги онакви какви што сте – со сите мани и добри страни.

Погледнете ги и овие мали и едноставни традиции што ќе го зближат вашето семејство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар