10 мали и едноставни традиции што ќе го зближат вашето семејство

Кога правите нешта заедно со семејството, вие создавате пријателства и сеќавања кои ќе траат дури и во тешките периоди. За ова не е потребно да организирате големи настани. Доволни се малите семејни традиции кои вие и сите членови со нетрпение ќе ги очекувате. Овие традиции ќе ви одземат малку време, но ќе ви помогнат да создадете нешто што навистина ќе ви значи.

10 мали и едноставни традиции што ќе го зближат вашето семејство

1. Попладне во паркот

Ова е совршена идеја за семејство со помали деца. Одберете еден ден од неделата и нека тој ви биде „Ден за во парк“. Попладне или навечер, поминете барем еден час во парк или во природа.

2. Недела за пуканки

Ова е одличен начин да го поминете викендот. Направете голема порција пуканки и поделете ја со семејството. Притоа можете да гледате филм, да разговарате или да уживате во вашиот двор.

3. Рутина за спиење

Одберете рутина за спиење која им одговара на вашите деца и држете се до неа. Но, тргнете и чекор понапред така што и вие и вашиот партнер ќе ги подготвувате децата за спиење. Тие ќе почнат да се радуваат на овој период насамо со двајцата родители и самиот ритуал ќе ви биде полесен. Можете да читате приказни, да пеете песни, да си поставувате интересни прашања, или пак само да лежите и да се прегрнете.

4. Роденденски прослави

Како што растат вашите деца, така посветувајте им повеќе внимание на родендените. Навистина ќе се чувствувате одлично кога ќе ја видите возбудата во очите на вашите деца. Украсете ја нивната соба со балони. Дозволете им на децата да го јадат омиленото јадење или пак однесете ги во омилениот ресторан. Ако сте во можност, организирајте и некои од активностите што ги сакаат најмногу.

5. Вторник за пици

Секој вторник за вечера подгответе го најпознатиот италијански оброк. Лесно се прави, децата сигурно ќе уживаат во нејзиниот вкус и ќе ви биде полесно да го планирате неделното мени.

6. Авантури со кампување

Нека ви стане навика редовно да излегувате од дома со целото семејство. Секој месец одбирајте по еден викенд и најдете некое место за кампување. Можете да ловите риба, да играте карти или пак да си раскажувате приказни околу логорскиот оган. Ќе научите многу едни за други и ќе си дадете одмор од технологијата.

7. Состанок со секого

Одвојте време за секое од вашите деца и кажете им колку ви значат. Секој месец носете го секое дете на состанок. Можете да одите на ручек, на вечера, или пак да му дозволите на детето да ја одбере активноста. Ова ќе направи да се чувствува навистина посебно, а покрај тоа и многу ќе се зближите.

8. Семеен совет

Семејните совети се одлични за дискутирање на проблемите кои ги засегаат сите. Можете да разговарате за потреби и грижи кои ги имате за одреден член, или пак за целото семејство. Овие состаноци не мора да бидат долги, но организирајте ги редовно, барем еднаш месечно.

9. Прославувајте интересни празници

Знаевте ли дека денес има Ден на палачинките, или пак Ден на сладоледот? Секој месец најдете барем еден ваков празник и прославете го на ваш начин. Не мора да организирате голем настан – за Денот на палачинките заедно направете палачинки. Можностите се бескрајни.

10. Семејна молитва

Секое утро или вечер, соберете се и кажете некоја молитва или искажете благодарност кон нешто. Оваа активност нема да ви одземе многу време, но ќе ја зацврсти вашата семејна врска.

Прочитајте ги и овие правила од среќни семејства кои ќе ви го подобрат семејниот живот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар