8 нешта што секоја жена треба да ги знае пред првата бременост

8 нешта што секоја жена треба да ги знае пред првата бременост

Бременоста е почеток на нов живот. Со цел да родат здраво дете, идните мајки треба навистина да истражуваат и да разговараат со професионалци. Од положбите на спиење, па сè до исхраната и вежбањето, постојат многу ризици за новите мајка и дете. Па доколку го очекувате вашето прво дете, погледнете кои се нештата за коишто би требало да разговарате со вашиот лекар.

8 нешта што секоја жена треба да ги знае пред првата бременост

1. Пренатална грижа

Откако жената ќе добие потврда дека ќе стане мајка, важно е да истражува и да го одбере гинекологот што е најдобар за неа. Тој ќе ја информира за тоа како да има бременост без компликации и би требало да закаже прегледи барем еднаш месечно. На овој начин ќе се осигури дека здравјето и на мајката и на детето е совршено. Исто така доколку има некакви нарушувања, ќе може да ги забележи во најрана фаза. Гинекологот исто така ќе ја извести за промените што ќе настанат на нејзиното тело и за развојот на фетусот. Некои гинеколози можат да препишат пренатални витамини, како на пример фолна киселина, која ги спречува дефектите на нервните цевки и ќе овозможи здраво породување.

2. Научете за историјата на семејството и можните наследни болести

Покрај размислувањето за тоа чии очи или коса ќе ги наследи детето, важно е да знаете и што друго има во вашите гени. Пред да почнете да планирате семејство, и двајцата родители би требало да ја истражат историјата на нивните семејства за да му овозможат на бебето што подобра грижа. Секој родител би требало да знае дали во неговото семејство има историја на попреченост во развојот, дефекти при раѓање или некои генетски болести. На овој начин родителите ќе можат да се справат со потенцијалниот проблем уште во најрана фаза.

3. Храна што треба да ја јадете и да ја избегнувате пред породување

Фразата „јадење за двајца“ е точна кога станува збор за бременоста, но не значи дека треба да јадете двојно повеќе храна, туку треба да внесувате двојно повеќе витамини и минерали. Храната богата со железо, калциум, фолна киселина и протеини, како и плус неколку калории, е клучна за здравјето на мајката и на детето. Важно е да знаете дека на бремената жена ѝ се потребни повеќе витамини и минерали и понекогаш додатоците не можат да се натпреваруваат со здравата исхрана. Лошиот начин на исхрана во овој период може да води до компликации.

Храна што треба да ја јадете
  • Млечните производи се богати со протеини и калциум кои му се потребни на фетусот. Важно е да внесувате и јогурт поради пробиотиците.
  • Мешункастите плодови се богати со хранливи влакна и го намалуваат ризикот од дефекти и болести.
  • Слаткиот компир и морковите се одличен извор на бета каротен кој се претвора во витамин А, кој пак помага при одржување на нормалната функција на клетките.
  • Храната богата со омега 3 масни киселини е идеална за развојот на мозокот на фетусот.
  • Зелениот лиснат зеленчук е одличен бидејќи е богат со железо и хранливи влакна.
  • Месото без масти е одличен извор за железо, протеини и витамин Б.
  • Маслото од риба е богато со омега 3 масни киселини, витамин А и витамин Д кои се особено важни во текот на бременоста.
  • Бобинките се богати со витамин Ц, хранливи влакна и антиоксиданси кои помагаат со констипацијата која може да се појави во текот на бременоста.
  • Производите од цело зрно се богати со хранливи влакна, витамин Б и магнезиум.
Храна што треба да ја избегнувате
  • Избегнувајте живи јајца за да го намалите ризикот од салмонела.
  • Избегнувајте паштети бидејќи можат да содржат листерија која е опасна во текот на бременоста.
  • Избегнувајте живо или делумно живо месо.
  • Избегнувајте преработено месо како салама, чајна и пршута.
  • Избегнувајте црн дроб бидејќи има многу витамин А кој може да му штети на фетусот.

4. Откријте кои вежби се безбедни во текот на бременоста

Секојдневното вежбање е потребно за нормалното функционирање на телото на бремената жена. Физичката активност во овој период може да го намали ризикот од компликации и во бременоста и за време на породувањето. Дури и ако мајката не вежбала пред бременоста, може да почне тогаш.

Совети и вежби што можете да ги правите:
  • Аеробни активности што го забрзуваат чукањето на срцето како пешачење, пливање и танцување.
  • Редовно правете паузи ако не можете да дишете правилно.
  • Пијте многу вода пред и по вежбањето.
  • Ако сакате да вежбате со тегови, нека не бидат потешки од 3 килограми.
  • Осигурете се дека издишувате кога ги кревате теговите, а вдишувате кога се опуштате.
Вежби што треба да ги избегнувате:
  • Избегнувајте вежбање со голема тежина.
  • Не држете го здивот додека вежбате и обидете се да дишете нормално.
  • Избегнувајте вежби што бараат да лежите на грб.
  • Избегнувајте вежби кај кои постои ризик од паѓање.
  • Избегнувајте секаков вид спортови бидејќи можете да се повредите.

5. Најдобрите положби за спиење

Заморот е навистина честа појава во бременоста, особено во првите 12 недели. Најбезбедно е да спиете на вашата лева страна. Според некои истражувања, спиењето на грб по 28-мата недела може да го зголеми ризикот за мртво родено бебе. Причината е што оваа положба го ограничува дотокот на крв и кислород. Можете да пробате да спиете со перница помеѓу нозете за да не се свртите на грб во текот на спиењето.

6. Предностите на јогата и грижата за себе

Без сомнение бременоста може да биде стресна, и емоционално и физички. Да се грижите за животот во вас значи дека мора да се грижите и за себе. Од голема важност е да избегнувате непријатни ситуации кои можат да ви предизвикаат стрес. Според Националниот институт за здравје, јогата нуди многу предности за телото и умот, особено во текот на бременоста, како на пример:

  • Намалување на стресот
  • Спречување на болести во текот на бременоста
  • Подобрување на расположението
  • Намалување на болките
  • Непотребно дебелеење
  • Намалување на анксиозноста која настанува за време на породувањето

7. Научете за антенаталната транзиција

Антенаталниот период е транзицијата кон родителство и се случува додека жената е бремена. Нема точно одреден период кога се случува ова бидејќи секоја личност различно ги чувствува емоционалните промени што доаѓаат со бременоста. Но, најчесто се појавува по 3-тиот или 4-тиот месец. Во текот на овој период и двајцата родители минуваат низ значајни психолошки и социјални промени додека се обидуваат да откријат како да се прилагодат на нивната нова улога.

Родителите кои очекуваат близнаци или тројка чувствуваат повеќе стрес бидејќи ги очекува поголема одговорност. Потребна им е поголема помош од семејството и повеќе слободно време.

Многу парови забележуваат дека им е потешко да комуницираат во овој период, но според експертите ова е сосема нормално. По раѓањето на бебето стресот ќе се намали и работите ќе се вратат во нормала.

8. Научете повеќе за породувањето

Породувањето е навистина емоционално искуство кое бара силен механизам за справување. Ова е најголемата болка што може да ја искуси жената, но бидејќи самото искуство го менува животот, болката се заборава. Според истражувањата, 90% од жените по 3 месеци сметале дека болката им причинувала задоволство.

Сепак, важно е да знаете кои се знаците и симптомите на почетокот на породувањето. Најочигледниот симптом се честите контракции чија болка се засилува. Гинеколозите препорачуваат во овој период жените да се обидат да се движат за да им биде поудобно.

Болката за време на поодувањето се состои од два дела:

  • Висцералната болка која настанува во почетните фази на породувањето кога притисокот се префрла на грлото на матката и тоа почнува да се шири.
  • Болката во стомакот се појавува подоцна, за време на породувањето.

Од голема важност е секоја мајка да биде во контакт со лекарот и пред и после породувањето со цел да разговара за грижите што ги има. Пред да преземете што било во врска со исхраната, вежбањето или која била активност, консултирајте се со вашиот лекар.

Погледнете и кои се 10-те работи кои никој не ви ги кажува за вашата прва бременост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар