Откријте која е вашата мантра за 2019-та година според хороскопскиот знак

Сега е најдобриот период за поставување цели и правење значајни промени во вашиот живот. Започнете ја оваа година вооружени со моќта на мантрите што можат да го променат вашиот живот. Одличен начин да созреете и да внесете позитивност во вашиот живот е преку афирмациите, односно позитивните изјави фокусирани на вас кои ќе ве мотивираат да ги исполните целите. Па, погледнете која е вашата мантра за 2019-та година според вашиот хороскопски знак.

Откријте која е вашата мантра за 2019-та година според хороскопскиот знак

Овен

„Оваа година ќе го прифатам фактот дека во животот има многу работи што сè уште не ги знам и работи што треба да ги научам. Наместо да го гледам ова како закана, ќе го гледам како неверојатна можност. Ќе ме мотивира желбата за знаење и нови искуства и ќе ме охрабри да излезам од удобната зона и да го зграпчам животот.“

Бик

„Оваа година ќе научам да го сакам и да го почитувам секој дел од мене. Не само што ќе ги славам моите силни страни, туку ќе ги прифатам и недостатоците. Препознавајќи ја важноста на љубовта кон себе, свесно ќе се потрудам да се разберам себеси и вредноста што ја имам.“

Близнаци

„Оваа година ќе научам да ја препознавам неверојатната моќ што може да се најде само преку ранливоста и поврзаноста. Ќе ги отворам моите срце и ум за навистина да се поврзам со друга личност и да ја испишам нашата љубовна приказна. Правејќи го ова, ќе прифатам дека ќе има добри периоди, но и дека ќе има предизвици. Знам дека заедно ќе бидеме навистина посилни.“

Рак

„Оваа година ќе излезам од мојата удобна зона и ќе си дозволам да сонувам големи соништа и да си поставам луди цели. Ќе сфатам дека ограничувањата од минатото биле само во мојот ум, и на овој начин ќе се ослободам за нови успеси. Ќе имам нови искуства, ќе наоѓам радост во секој ден и ќе ги пречекам сите коишто ме сакаат.“

Лав

„Оваа година ќе сфатам дека животот е многу повеќе од слава и богатство. Ќе забавам и ќе ги забележувам малите детали во секој ден, наоѓајќи радост и среќа. Ќе се поврзам со моето внатрешно дете и ќе се сетам на магијата што ја гледав во секој момент.“

Девица

„Оваа година ќе се фокусирам на поврзување со основата на мојот живот. Ќе се приземјам преку врските што ги имам изградено со моите пријатели и семејство. Наместо да ги гледам другите, ќе се фокусирам на себе. Одново ќе ги откријам моите корења и ќе знам не само кој/а сум, туку и од каде доаѓам.“

Вага

„Оваа година ќе се фокусирам на моите цели и соништа за иднината и јас ќе си бидам приоритет. Ќе продолжам да ги почитувам и ценам другите околу мене, но ќе најдам време да работам за она што го сакам во животот. На овој начин ќе откријам колку сум силен/на и способен/на.“

Скорпија

„Оваа година ќе се ослободам од негативните мисли и од сомнежот во себе. Ќе ја откријам мојата вредност и она што можам да му го понудам на светот. Ќе го најдам моето место во животот и на овој начин ќе ја изградам мојата самодоверба и ќе се прифатам како личноста којашто сум. Ќе откријам дека колку повеќе верувам во себе, толку поголем успех ме чека.“

Стрелец

„Оваа година ќе се ослободам од ограничувањата и двоумењата во животот. Ќе престанам да глумам поради другите и наместо тоа ќе ја прифатам лудата и дива личност којашто сум. На овој начин секој ден ќе го дочекувам со насмевка, ќе им давам комплименти на другите и ќе ширам радост околу мене. Со цел да го направам ова, ќе се ослободам од сè што не ми носи среќа и позитивност во животот.“

Јарец

„Оваа година ќе научам да си покажам сочувство и разбирање. Ќе престанам да се критикувам и ќе станам својот најголем навивач. Повеќе нема да прифаќам негативност и токсична енергија во животот, а моите мисли ќе бидат насочени кон ценење, мотивација и прифаќање. Дури и кога ќе се соочам со неуспех, ќе си признам дека сум дал/а сè од себе, а тоа е сè што можам да очекувам од мене.“

Водолија

„Оваа година ќе се ослободам од потребата постојано да бидам независен/на. Наместо тоа ќе ги прифатам другите во мојот живот. Ќе ги најдам пријателите што ќе се поврзат со мене, ќе ме разберат и ќе ми помогнат да го изградам мојот живот. Нема да се помирам со помалку отколку што заслужувам, а за оваа цел ќе запознам луѓе кои ќе ме сакаат и почитуваат онаков/ва каков/ва што сум.“

Риби

„Оваа година ќе научам да ги прифатам одговорноста и делувањето во мојот живот. Иако нема да се ослободам од скривалиштето што ми го нудат соништата, ќе почнам да преземам нешто за да ги остварам овие соништа. Ќе го трансформирам мојот живот во она што отсекогаш сум сакал/а да биде. Само јас имам моќ да го променам мојот живот и ќе стигнам многу далеку.“

Погледнете и кој е најсреќниот ден од 2019-та година за секој хороскопски знак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар