10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Сигурно поминувате многу време во кујната и понекогаш дури и некој мал експеримент или трик може да ја направи вашата рутина повозбудлива. На пример, подобро е да почекате и да ги ставите јајцата во жешка вода, наместо во ладна вода. Исто така, можете да го претворите кафето во ремек-дело само со употреба на кора од портокал. Во продолжение откријте ги 10-те мали тајни што ќе ви го олеснат животот.

1. Ставете ги јајцата во жешка вода за да може полесно да ги излупите

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Сигурно ви се има случено да не можете лесно да го излупите јајцето откако ќе се свари. Но, постои еден трик како да си ја олесните работата. Ставете ги јајцата во жешка вода, а не во ладна. Откако ќе се сварат, ставете ги во ладна вода. Потоа ќе ги излушите многу полесно.

2. Користете стапчиња за јадење за да го исечете компирот како хармоника

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Ако немате посебна алатка за сечење компири како хармоника, можете да го искористите овој трик. Ставете го компирот помеѓу 2 дрвени стапчиња и само исечкајте го. Стапчињата нема да ви овозможат да го пресечете целиот компир. Потоа можете да ги испечете компирите и вашето јадење ќе изгледа многу поинтересно.

3. Направете кафе од портокал

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Убаво е да се разбудите со шолја кафе. Но, можете да си направите уште подобра верзија на овој утрински пијалак. Земете портокал и излупете ја внатрешноста, така што кората ќе изгледа како чаша. Ставете една лажица мелено кафе и додајте малку врела зовриена вода во таа органска чаша. Почекајте малку додека кафето да се растопи и ќе имате неверојатно вкусен пијалак.

4. Згответе го пилешкиот нагет во тостер

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Ако не сакате да го готвите пилешкиот нагет со употреба на путер или масло, постои совршено решение. Ставете го на дрвени стапчиња и згответе го во тостерот.

5. Користете лубеница за да зготвите сочно пилешко месо

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Постојат многу убави рецепти за печење вкусно пилешко, но овој трик може да го направи вашето ремек-дело уште повкусно. Следниот пат кога ќе купите лубеница, не фрлајте ја кората. Наместо тоа, направете сад од неа како што е прикажано на сликата. Потоа, зачинете го пилешкото и ставете го во садот од лубеница. Гответе во рерна 2 часа и вашата вкусна вечера ќе биде готова.

6. Направете ја вашата шпатула повторно да изгледа како нова со помош на белило

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Шпатулите ги користиме многу често додека готвиме и многу брзо се појавуваат дамки на нив. Не ви треба посебен детергент за да ги исчистите, туку белилото може да ви помогне во тоа. Земете 2 чаши вода и додајте 1 лажица белило. Оставете ја шпатулата да стои во смесата околу 24 часа.

7. Направете чоколадна торта со помош на стопен сладолед

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Чоколадната торта е одличен начин да се разгалите себеси, а ако можете сами да ја направите оваа торта, без да поминувате часови во кујната, тоа е уште подобро. Земете стопен чоколаден сладолед, додајте малку брашно и ставете ја смесата во сад за печење. Потоа, ставете ја во рерна или во микробранова печка.

Тортата може да биде направена од сладолед од различни вкусови, во случај да не сакате чоколадо.

8. Чувајте ја пластичната фолија во замрзнувач за да ја одвиткате полесно

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Понекогаш е тешко да одвиткате совршено парче фолија, па следниот пат кога ќе ја користите вашата пластична фолија, ставете ја во замрзнувач откако ќе завршите. Следниот пат нема да биде толку тврда.

9. За да го вратите исушениот лимон повторно во живот, ставете го во вода

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Лимоните може да се исушат многу брзо, особено ако ги оставите на сонце. Во тој случај, ставете ги да стојат во сад со вода 2 часа и наскоро повторно ќе станат сочни.

10. За авокадото да не стане кафено, чувајте го заедно со парче кромид

10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот

Ако не го искористите целото авокадо и ако го оставите некое време, станува кафеаво. За да ја избегнете оваа мала катастрофа, чувајте го заедно со парче кромид и авокадото ќе ја задржи оригинална боја многу подолго.

Погледнете ги овие 10 трикови што ќе ви помогнат ручекот да изгледа како да е од најдобриот ресторан.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар