Солени бисквити со овесни снегулки и сирење

Солените бисквити со овесни снегулки се навистина вкусни, а ако им додадете сирење тие ќе бидат одлични. Ако сте љубител на сирењето, тогаш овој вкусен и лесен рецепт е токму за вас. Овие бисквити можете да ги јадете во комбинација со маслинки, кашкавал или пијалаци како чај и кафе.

Солени бисквити со овесни снегулки и сирење

Потребни состојки:

  • 125 г овесни снегулки
  • 1 лажичка црн пипер
  • 125 г крем сирење
  • 700 г интегрално брашно
  • 2 лажички ким
  • 250 г путер

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте го сирењето и путерот за да добиете кремаста смеса.
  2. Во оваа смеса додадете ги овесните снегулки, брашното, кимот и црниот пипер. Треба да направите тесто.
  3. Потоа на рамна површина протегнете го тестото и исечете го по ваш избор (кругови, квадрати итн.) Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.
  4. Премачкајте ја хартијата за печење со путер и печете за 15 минути.

Погледнете го и овој рецепт за ладни сендвичи со краставица.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар