10 работи што мора да ги знаете ако сте сопственик на куче

10 работи што мора да ги знаете ако сте сопственик на куче

Сопствениците на кучиња честопати ги измачуваат прашањата без одговори, а ветеринарите конечно дадоа одговори на некои од нив.

10 работи што мора да ги знаете ако сте сопственик на куче

1. Зошто носот на кучето е секогаш влажен?

Главната причина зошто кучињата имаат влажни носеви е затоа што тие лачат секрети кои им помагаат да мирисаат. Исто така, тие се потат преку носот и го чистат носот со јазикот.

2. Зошто шепите на кучињата мирисаат на чипс од пченка?

Исто како луѓето, кучињата имаат бактерии и габи на површината на својата кожа и на своите шепи. Тие бактерии можат да создадат мирис каков што имаат чипсот од пченка или квасецот.

3. Дали некои раси се поагресивни од другите?

Ниту една раса не е природно агресивна и кучињата не треба да се категоризираат на тој начин. Некои раси имаат помала волја да ги слушаат своите сопственици, но дури и тие кучиња може да бидат многу љубезни и приврзани ако се во рацете на одговорен сопственик.

4. Дали кучињата ја менуваат личноста по кастрацијата?

Отстранувањето на репродуктивните органи кај кучето на соодветна возраст не влијае на личноста на кучето. Не постои научна литература што укажува на тоа дека кастрацијата предизвикува кучињата да бидат помалку енергични или мрзливи.

5. Дали е добро да го храните кучето само со сува храна?

Сувата храна може да биде здрава колку и конзервираната храна. Сосема е во ред да го храните вашето куче со сува храна, под услов да е со висок квалитет и да одговара на возраста, на начинот на живот и на сите индивидуални здравствени потреби.

6. Кои кучиња лаат повеќе – малите или големите?

Иако секое куче е различно, помалите видови кучиња всушност се одгледуваат да бидат погласни. Некои раси, како што е минијатурниот пинч, се одгледуваат за чување. Други кучиња се родени за да ловат и да го предупредуваат својот сопственик.

7. Дали машките кучиња се попријателски настроени од женките?

Полот нема никаква врска со тоа колку е кучето пријателски настроено. Сето тоа зависи од воспитувањето и од социјализацијата.

8. Дали кучињата имаат доминантна шепа?

Кучињата всушност може да имаат доминантна шепа, а направени се неколку тестови за да се открие тоа.

Целта на овие тестови е да се набљудува однесувањето на кучето во текот на еден временски период и да се утврди колку често кучето ја користи левата или десната шепа за време на одредени активности.

9. Може ли кучињата да јадат сурово месо?

Некои сопственици избираат да го хранат кучето со сурово месо, но не се препорачува да го храните вашето куче со неподготвено говедско или свинско месо.

Нема докази дека хранењето на кучето со сурово месо има корисен ефект врз здравјето. Напротив, може да дојде до нерамнотежа во исхраната, хипертироидизам предизвикан од лошата исхрана и бактериски инфекции.

10. Дали може некој што е алергичен на кучиња да се навикне да живее со нив?

Оние кои се алергични на кучиња веројатно ја чуле теоријата дека е можно со тек на време да се приспособат на животот со кучиња. За жал, не постои консензус меѓу експертите дали тоа е точно или не.

Една теорија вели дека е можно да се навикнете на кучешките алергени веднаш штом ќе го намалите степенот на чувствителност на имунолошкиот систем, но тешко е да се знае со сигурност како се намалува тој степен.

Прочитајте како се однесуваат кучињата кога се во пубертет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар