Тест: Тоа што прво ќе го забележите на сликата открива што ве вознемирува во врските

Моментите што ги поминувате заедно со вашиот партнер се добри за емоционалното, за духовното, за физичкото и за менталното здравје. Но, одредени настани може да предизвикаат вознемиреност и да ве натераат да се чувствувате нервозно. Треба да знаете дека не постои врска што трае долго без да наиде на пречки на патот. Погледнете ја сликата и тоа што прво ќе го забележите ќе ви открие што потсвесно ви предизвикува вознемиреност во романтичните врски. Ваквата корисна информација може да ви помогне полесно да се справите со проблемите следниот пат кога ќе наидете на пречки во вашиот љубовен живот.

1. Човек со наметка

Ако прво го забележавте човекот што носи наметка, тајната причина за вашата вознемиреност во врските е тоа што некој друг го знае вашиот автентичен карактер.

Сонувате да создадете моќна врска со таа личност, а истовремено сте преплашени од тоа колку ранливи би можеле да бидете доколку се остварат вашите соништа. Вие многу добро знаете дека за да имате долготрајна врска, треба да ѝ дозволите на таа личност да открие кои сте навистина, но тоа може да биде застрашувачка работа.

Вашите стравови не треба да ве спречуваат да најдете љубов што ќе трае вечно. Природниот начин на кој треба да пристапите во животот е целосно да ја контролирате одбранбената зона, да им дозволите на луѓето да ве запознаат и да се приспособите на работите.

2. Лице

Ако прво го забележавте лицето кога ја погледнавте оваа слика, тајната причина за вознемиреноста во врските е стравот од очекувањето да ги земете предвид потребите на партнерот пред вашите.

Ова не значи дека сте себична личност, туку дека не уживате во тоа што не можете да ги правите работите што сакате да го правите, кога што сакате и како што сакате.

Меѓутоа, ако за вас е важно да бидете во врска со некого, ќе треба да вложите труд за развој на вашата емоционална интелигенција и за созревање. Грижата за себе е важна, но можете да го сторите тоа, истовремено земајќи ги предвид и потребите на партнерот.

3. Дрво

Ако прво го видовте дрвото, тајната причина за вознемиреноста во врските е тоа што можеби нема да имате доволно време за себе.

Кога немате време за себе, станувате сосема друга, ужасна личност. Постојано се прашувате дали треба да бидете заедно со партнерот цело време за врската да биде успешна.

Ако се вљубите во некој што ве разбира и што навистина сака да биде со вас, тој ќе ја разбере вашата потреба да бидете сами. Не дозволувајте „што ако“ да ве спречи да имате љубовна романса што може да трае долго време.

4. Месечина

Ако прво ја видовте Месечината, тајната причина за вознемиреноста во врските е стравот од скршено срце.

За некои луѓе, почетокот на врската е надеж, но, за вас, почетокот на врската ве исполнува со грижи бидејќи постојано размислувате колку ќе бидете повредени кога раскинувањето ќе биде неизбежно. Очајно сакате да сакате и да бидете сакани, но тешко верувате во среќен крај.

Не дозволувајте загриженоста за она што можеби ќе се случи да ве спречи да ја барате љубовта што ја заслужувате. Сите приказни имаат почеток, средина и крај, но тоа не значи дека не вреди да се раскажуваат. Време е да започнете да уживате.

Изберете слика за да добиете совет што ќе ви помогне во кризните периоди.
Изберете слика за да добиете совет што ќе ви помогне во кризните периоди


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар