Овие 5 јадења се највкусни кога ги готвите со путер, но има и оброци што путерот може да ги уништи

Путерот им е омилен намаз на многумина, а исто така и дел од состојките потребни за колачи и за печива. Богатиот вкус што им го дава на некои јадења е незаменлив. Сепак, во некои рецепти не го дава посакуваниот вкус. Поради тоа, откријте кога треба да користите путер, а кога не.

Овие 5 јадења се највкусни кога ги готвите со путер, но има и оброци што путерот може да ги уништи

1. Колачи

Путерот е секогаш одличен избор кога подготвувате колачи. Неговиот вкус дава чувство на богат и раскошен десерт. Десертите направени со маргарин имаат полесна текстура заради поголемиот удел на водата, а и вкусот е различен.

2. Сосови

Француската кујна подразбира вметнување парче ладен путер во сосот или во супата на крајот на готвењето. На тој начин, јадењето ќе има богат вкус и сето тоа со минимален напор.

Ставете путер и кога правите сос од домати. Иако на почетокот не изгледа дека двете состојки одат заедно, резултатот е божествен.

3. Лиснато тесто

За совршеното лиснато тесто треба да му се заблагодарите на путерот.

Путерот се состои претежно од маснотии, но има и малку вода.

Ако е ладен кога ќе го ставите во рерната, водата брзо ќе произведе пареа што ќе остане заробена во тестото, а тоа ќе резултира со меки кроасани или колачи.

Лиснатото тесто мора да се излади пред печење.

4. Крем за украсување торта

Кремот за украсување е направен од путер и е готов за само 10 минути.

Потребни состојки:

  • 125 грама мек путер (не растопен)
  • 200 грама шеќер во прав
  • 3 лажици млеко

Начин на подготовка:

Измешајте ги путерот и шеќерот, а потоа додајте го млекото и мешајте уште малку.

5. Кафеав сос

Загрејте го путерот во тава на средна температура додека не добие светлокафена боја.

Со овој сос можете да ги прелиете равиолите или варениот зеленчук, а ако го пржите со презла, ќе добиете уште побогат додаток што можете да го употребувате со зеленчук зготвен на пареа, на пример брокула. Путерот подготвен на овој начин лесно може да се додаде во кој било рецепт што вклучува путер.

Овие јадења во никој случај не треба да ги готвите со путер:

1. Пржено месо

Секој вид мрснотија на одредена температура почнува да гори. Во овој случај, температурата на путерот е релативно ниска, па затоа е подобро да користите некои други мрснотии ако печете месо, стек или пилешки гради.

2. Тортиљи

Ако сами ги печете тортиљите, треба да имате свинска маст во фрижидерот.

Ако ги готвите со путер, водата што ја содржи ќе расипе сè. Маста има совршена конзистентност и неутрален вкус, па тортиљите ќе бидат совршени.

3. Печен компир

Не печете компири во путер бидејќи тие ќе бидат недопечени, без цврста кора.

Маслото е добра опција во овој случај бидејќи ги прави компирите крцкави.

Прочитајте кои 9 намирници треба да ги јадете за време на постот за јак имунитет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар