Стилот на Витни Хјустон низ годините
Автор: Елена Јошеска
Поп-дивата Витни Хјустон ќе ја паметиме, не само по нејзиниот прекрасен вокал и безвремените хитови, туку и по нејзиниот стил, кој доживеа најразлични трансформации низ годините.

Витни Хјустон беше американска пејачка, актерка, продуцент и модел. Својата кариера ја започнала многу рано, на единаесетгодишна возраст, пеејќи во црковниот хор во Њу Џерси. Подоцна, под покровителство на музичката компанија „Arista Records“, талентот на Витни Хјустон бил откриен пред светската јавност. Во текот на својата кариера, Хјустон објави седум студиски албуми и три филмски саундтрак-албуми со златен, платинест и дијамантски сертификат. Неколку пати се појави на филмското платно, од кои најпозната е нејзината улога во филмот „The Bodyguard“. Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди ја прогласи Витни Хјустон за најнаградуван женски изведувач на сите времиња, со вкупно 415 награди добиени во текот на нејзиниот живот.

На 11 февруари 2012 година, Витни Хјустон беше пронајдена мртва во нејзината соба во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс, Калифорнија, само еден ден пред доделувањето на Греми-наградите.


















Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
