10 извонредни креации направени од кутии за јајца

10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Автор: Александра Чакаровска

Уште во далечната 1911 година, кога биле измислени првите кутии за јајца, нивната основна цел била безбедно и сигурно пренесување на јајцата од производителот до потрошувачот. Никој во тоа време не замислувал дека тие можат да најдат сосем друга примена и да се преобразат во вистински ремек-дела. Маса, играчки, фотоапарат, па дури и куќа се само неколку од многуте креации изработени токму од кутии за јајца.

Слика во стилот на кубизмот

Холандскиот уметник Ено Де Крон ја воодушеви неговата публика со прекрасните слики, кој тој ги нарекува „Eggcubism“. Потсетувајќи се на младоста, кога како дете си играл со кутии од јајца и од нив правел различни форми, решил овојпат да црта на нив и да создаде уникатни слики. Според Де Крон, ваквите цртежи овозможуваат уметноста да се перцепира и осознае од сосема поинаков агол.10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Лего-куќа

Австралиското студио Голденхем, направило уникатна куќа од илјадници рециклирани кутии за јајца, нарекувајќи ја „The Original Dream“. Куќата е направена така што кутиите за јајца се редени како лего-коцки на дрвена основа, па оттаму и самата куќа е позната како лего-куќа.10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Креативно осветлување за домот

Доколку сакате интересно и необично осветлување за домот, кое истовремено ќе ѝ даде посебен шарм на вашата просторија, одберете го овој дизајн изработен од кутии за јајца. Интересно е тоа што не морате да потрошите мало богатство, туку можете сами да го изработите.10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Играчки

Најдобар начин да ги научете децата што е тоа рециклирање, е заедно да изработите играчки од кутии за јајца. Истовремено ќе се забавувате и ќе учите.10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Маса

Се работи за маса со 3 ногарки, изработена од кутии за јајца, земја, тесто од брашно и семиња. Иако не изгледа стабилна, сепак е доволно цврста да издржи предмети со средна тежина.10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Фолксваген камион10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Фотоапарат10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Цвеќиња10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Костим за маскенбал10 извонредни креации направени од кутии за јајца

Софа

Прилично креативна софа, но дали би се осмелиле да седнете и да се опуштите на неа? 🙂10 извонредни креации направени од кутии за јајца

За крај, прочитајте што сè можете да направите со вашите јајца :).


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар