Срдечна приказна за куче кое ја спасило куќата на неговиот сопственик од пожар

Не постојат соодветни зборови со кои може да се искаже љубовта кон кучињата, суштества кои со причина ги нарекуваме – најдобри пријатели на човекот. Меѓутоа постојат илјадници приказни кои раскажуваат за ситуации кога тие ја покажале својата верност кон нас. Таква е и приказната за кучето Хенк, кое во вистинскиот момент ја насетило опасноста во домот и им помогнало на неговите сопственици.

Неодамна на Твитер, корисникот Ulysses S. Cocksman решил да ја сподели оваа симпатична приказна со среќен крај. Неговите објави прочитајте ги во продолжение.

„Сакам да ви раскажам една приказна за Хенк и сакам да знаете дека е со среќен крај. Ова е Хенк пред шест години.“

„Мојата сопруга вчера доби потсетување дека пред шест години Хенк го изеде нејзиниот нов пар Vans еспадрили. Погледнете го ова виновно кученце. Ма ајде Хенк.“

„Неколку часа по тоа потсетување, на полноќ минатата вечер, Хенк почна да лае од дневната соба. Мојата сопруга и децата беа заспани, а јас догледував еден филм во другата соба. Хенк не замолчи.“

„Па станав од каучот и отидов во дневната соба за да го сопрам. Само што пристигнав, видов дека целиот двор свети во портокалова боја.“

„Големата дрвена шупа полна со бензин, боја за фарбање и Бог знае што друго беше во пламен. Дабовите беа запалени. Огнени лисја и жарчиња имаше насекаде.“

„Ги разбудивме сите и се јавивме во Пожарна. Целото семејство и двете кучиња беа надвор – сето ова делуваше како да се случи за неколку секунди. Оградата и шупата на сосетката се кренаа како факел. Ние успеавме да ја разбудиме и да ѝ ги изнесеме децата и кучето надвор, баш во моментот кога пристигнуваа луѓето од противпожарната екипа.“

Срдечна приказна за куче кое ја спасило куќата на неговиот сопственик од пожар

„Пожарот се рашири до задниот дел од нашата куќа во истиот миг кога пожарникарите ги насочија цревата натаму. За минута или две, сѐ ќе беше изгубено. Но, сите се безбедни и сѐ уште ја имаме нашата куќа. Црна е и се лупи од едната страна, но целата е тука.“

„Пожарникарите беа апсолутно неверојатни. Беше ветровито, па тие мораа се справат со пожарот кој се прошири на уште два блока. Сѐ на сѐ, беа неверојатно квалификувани и координирани.“

„Па Хенк. Тоа куче.“

„Ова е тој, шест години откако изеде нечии чевли, 15 часа откако ги спаси нашата куќа и нашето семејство. Тој има дозвола да ги изеде сите чевли и стекови кои ќе ги посака и повеќе никогаш нема да му се налутам затоа што лае. Тој е најдоброто куче.“

„Па, додека сте тука, проверете си ги детекторите за чад веднаш, бидејќи не сите го имате Хенк. И не заборавајте да направите нешто добро за вашите соседи. И грижете се за вашите кучиња. Океј, благодарам.“

На крајот, приказната завршува со фотографија од двете кучиња на семејството кои уживаат заедно, и покрај тоа што малку им недостига дворот за играње и трчање. Па, што мислите, нели е Хенк херој?!

Срдечна приказна за куче кое ја спасило куќата на неговиот сопственик од пожар

Прочитајте ги знаците дека вашето куче вистински ве сака.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар