Зборувате со вашето милениче или пак, со автомобилот? Тоа значи дека сте поинтелигентни од другите!

Ако редовно зборувате со вашето домашно милениче, раскажувајќи му го својот ден, зборувајќи за ручекот што планирате да го направите или што било друго – не грижете се! Спротивно на популарното верување, тоа не е знак дека сте полуделе туку дека поседувате уникатна комбинација од карактеристики што ве прават поинтелигентни од останатите.

Домашните миленичиња се најдобриот пријател на човекот. Тие се секогаш тука за нас, овозможувајќи ни ја најдобрата поддршка и помош. И воопшто не е чудно тоа што понекогаш луѓето чувствуваат потреба да ги споделат своите мисли и емоции и со нив. Затоа и научниците решиле да го истражат овој феномен подобро.

Истражувачите ја нарекуваат оваа појава антропоморфизам, односно склоност да се препишуваат човечки особини и емоции нечовечки објекти и живи суштества и според резултатите тоа е знак на висока интелигенција и креативност.

„Тоа е всушност природна несакана поседница од тенденцијата која ги прави луѓето единствени на оваа планета“, вели Николас Еплеј, еден од научниците кои работеле на ова истражување.

Ако истражите подлабоко, ќе сфатите дека оваа приказна всушност почнува во детството. Децата можат да создадат пријателство со сè. И многу е веројатно дека сите вие се сеќавате како сте се дружеле со вашите кадифени играчки, обидувајќи се на сите да им посветите подеднакво време за да не се чувствуваат запоставено.

Но, кога растеме, нештата се менуваат. Се верува дека таа особина треба да ја оставиме зад себе во возрасните години. Па, затоа и оние што продолжуваат да ја практикуваат се доживуваат како чудни или можеби дури и луди.

Според научниците, нема разлика меѓу разговорот со неживи предмети и разговорот со домашните миленичиња. На пример, постојат луѓе што зборуваат со својот автомобил, верувајќи дека така ќе му пренесат од својата љубов и тој ќе ги служи подобро и подолго. Тие дури и замислуваат цела низа карактерни црти за автомобилот во својот ум.

Па, без разлика дали зборувате со вашите миленичиња или со вашиот автомобил – нема потреба да се грижите. Вашата навика е знак дека сте минале време во здрава и природна средина за вас и дека вашиот мозок работи на правилното ниво.

Науката вели и дека зборувањето сам со себе воопшто не е чудно.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар