Зошто е добро да поминувате барем 2 часа неделно во природа?

Зошто е добро да поминувате барем 2 часа неделно во природа?

Престојувањето во природа, дури и во градскиот парк, 2 часа неделно, може значајно да го подобри вашето здравје и благотворно да делува на умот и телото. Според една неодамнешна студија, испитаниците што минувале 120 минути или повеќе во природа, биле во подобро физичко, но и психолошко здравје од оние што ретко или воопшто не уживале во зеленилото. Студијата била објавена во списанието Природа (Nature) и опфаќала повеќе од 20.000 луѓе од Англија.

Научниците откриле дека поминувањето време во зеленило, меѓу останатото, го намалува развојот на дијабетесот тип 2, кардиоваскуларните болести, прераната смрт, предвременото породување и високиот притисок, како и го намалува стресот. 23% од испитаниците по внесувањето на 2-часовната екскурзија во природа, еднаш неделно, пријавиле зголемување на животното задоволство и среќа во животот.

Ретко кој доктор им советува на своите пациенти да поминуваат време во природата. Тие често велат да јадете што повеќе овошја и зеленчуци, да го намалите внесувањето на солта и нездравите маснотии, да престанете да пиете алкохол и да вежбате. Но, ретко кој ќе ви каже и: „Седнете покрај дрво“. Оваа студија е доказ дека докторите треба да почнат да го препорачуваат и ова.

Британските научници заклучиле дека само два часа во природа имале големо влијание на испитаниците, без разлика на нивната возраст, пол, економски и социјален статус. Особено благотворно влијание доживеале оние со хронични заболувања и инвалидите.

Отсекогаш сме знаеле дека времето поминато на отворено и во природа е добро за здравјето, но досега не знаевме колку време треба да издвојуваме за тоа. Поголемиот дел од испитаниците поминувале време во природа на места што во просек биле оддалечени околу 3 километри од нивниот дом, што значи и дека посетата на урбаните зелени површини има исто толку големо влијание како и пооддалечените природни области.

„Верувам дека многумина можат да издвојат два часа неделно за поминување време на отворено, особено со оглед на тоа што можат да ги ‘расцепкаат’ тие два часа во текот на целата недела“, објаснува д-р Мет Вајт. „А ако сакате да почувствувате уште поголем ефект, поканете ги и најблиските и поминете квалитетно време со нив во природа.“

Според најновите истражувања, живеењето во позелени области од градот исто така може да има големо влијание на вашето здравје. Зградите што се опкружени со многу дрвја се одличен избор за вас.

Нека си играат надвор: Во природа растат здрави и интелигентни деца!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар