Според науката, мажите со брада се подобри партнери

Порано или подоцна, секоја жена почнува да ја почитува брадата. Само помислете на Крис Хемсворт или Џејк Гиленхал – тие воопшто не би биле тие без нивните бради. Всушност, изгледа дека толку многу ни се допаѓаат брадите, што потсвесно ги користиме за да одредиме дали некој маж би бил добар партнер. Доколку не се согласувате, резултатите од едно истражување ќе ве убедат во спротивното.

Според науката, мажите со брада се подобри партнери

Доктор Дикстон, психолог на Универзитетот Квинсленд во Австралија, спровел истражување во кое учествувале над 8.500 жени. Тие имале задача да оценуваат фотографии од мажи според тоа колку се атрактивни и дали сметаат дека се погодни за долги или за кратки врски.

Резултатот покажал дека мнозинството од жените ги оцениле мажите со брада како поатрактивни и како подобра опција за долга и сериозна врски. Од друга страна, мажите со мала или без брада биле одбрани за кратка авантура. Но како влакната на лицето станале толку важни?

Одговорот е навистина едноставен – жените ги привлекуваат карактеристики на високо ниво тестостерон. Со други зборови, ова се знаци што им кажуваат на жените дека мажот е зрел и дека може да ги заштити. Овде спаѓаат широките рамена, длабокиот глас, како и острата вилица, а сега и брадата.

Вилицата се истакнува со помош на брадата, а самата брада е добар показател за високо ниво на тестостерон. Заедно, тие го прават мажот привлечен и доверлив во очите на жените. Па доколку ви пријде маж со брада, тешко дека ќе можете да му одолеете.

Се разбира, секогаш постојат исклучоци. Жените сакаат мажествени одлики, но доколку се премногу нагласени, како необично голема и силна брада, жените би го одбрале тој маж за кратка врска. Причината е што овие мажи не им изгледаат доволно доверливо.

Па дами, што мислите вие? Можете ли да ги потврдите резултатите од истражувањето, или момците со брада не се вашата слаба страна?

Погледнете и кои се несовршеностите кај мажите што жените ги обожаваат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар