10 промени на телото коишто ја издаваат вашата возраст

Наводно, стравот од стареење е најчестата фобија што ја искусуваат луѓето. Проблемот е што телото постојано се менува и како резултат открива работи кои претходно биле скриени. Лекарите сметаат дека би било добро да знаете кои промени се нормални, а кои се лоши, и тоа е сосема доволно за да останете безбедни. Па, погледнете кои се промените кои настануваат во вашето тело со текот на годините.

1. Забите стануваат помалку чувствителни

10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возраст

Со текот на времето забите стануваат помалку чувствителни на топла и студена храна. Иако ова звучи како добро нешто, во реалноста може да предизвика проблеми. Според Здружението на заболекари, нервите во забите можат да се намалат со текот на времето, па поради ова им се намалува чувствителноста. Кога ќе се случи ова, луѓето не ги чувствуваат симптомите на кариес и другите проблеми.

2. Носот се зголемува

10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возраст

Во просек, човечкото тело престанува со растење на 18 години. Но некои делови од телото, како носот, продолжуваат да растат во текот на целиот живот. Ова се случува поради промените во меките ткива, мускулите и ‘рскавицата што го формираат носот. За разлика од коските, ‘рскавиците продолжуваат да растат. Овој процес забрзува на 50-годишна возраст и продолжува со истата брзина до 60-тата година. Покрај тоа, врвот на носот најчесто се спушта со текот на времето.

3. Колковите се смалуваат

10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возраст

Како што стареете, губењето на течност во клетките предизвикува видливи промени на изгледот на вашето тело. Тенката половина и широките колкови кај жената се претвораат во широка половина и тесни колкови. Кај мажите, намалувањето на нивото на тестостерон има влијание на разнесувањето на масните наслаги и обемот на колковите, па и двете се зголемуваат со возраста.

4. Трепките стануваат пократки

10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возраст

Неправилната грижа за очните капаци, проблемите со тироидната жлезда и алергиите се најчестите фактори кои влијаат на должината и густината на трепките. Ова е неизбежна промена кај стареењето. Според неколку истражувања, 44% од мажите и жените забележале дека нивните трепки станале пократки и потенки со текот на времето.

5. Се зголемува либидото

10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возраст

Како што наближува менопаузата, хормоните стануваат сè понестабилни. Научниците тврдат дека ова е трик на природата што им ја зголемува можноста за бременост на жените – репродуктивната функција се намалува, но либидото се зголемува. Психолозите сметаат дека на 30 години, жените започнуваат период на сексуално ослободување бидејќи најчесто нивните животи се веќе балансирани – децата стануваат независни, а кариерите им се стабилни.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар