Првото нешто што ќе го видите на овој цртеж ќе ви открие зошто ви се распаѓаат врските

Постојат четири различни погледи кон оваа слика, и во зависност од тоа што прво ќе го видите, ќе откриете што е тоа што ве спречува конечно да најдете вистинска љубов и да изградите врска што ќе трае до крајот на вашите животи. Што го привлече вашето внимание?

Заврзан човек

Постојано сте во некој внатрешен конфликт со самите себе. Ако навистина барате вистинска љубов, прво мора да ја најдете љубовта во себе и да ги решите сите несогласувања што ги имате во вас. Борбата за внатрешниот мир не е лесна, но само овој мир ќе ви донесе решение за конфликтите што ве спречуваат да се заљубите.

Ограда

Ако прво сте ја забележале оградата, тоа значи дека вашата најголема слабост е тоа што сте премногу затворени. Ако не преземате ризици и не се отворате пред другите, со сигурност ќе останете сами. Природно е да сакате да се заштитите, но вие претерувате во тоа. Спуштете го штитот и почнете полека да се отворате. Ако не ризикувате, ништо нема да добиете.

Чамец

Вашиот проблем е тоа што стандардите ви се толку високи, што едноставно никој не може да ги достигне. Вистина е дека не треба да се задоволите со што било, но пред да одбиете некого, запрашајте се да не можеби тој или таа има нешто што не го гледате на прв поглед. Не фантазирајте за совршениот партнер бидејќи тој едноставно не постои, а барајќи го него, може да го пропуштите оној што е навистина идеален за вас.

Череп

Вашите претерани грижи и нервози ви ги уништуваат сите врски. Во ред е да бидете внимателни, но вие сте толку плашливи што ги гушите сите околу себе. Секогаш ќе постојат нешта што ве плашат, но тоа не значи дека треба да се вкочанувате и да не можете да мрднете на секој нов направен чекор.

Сакате да направите уште еден тест? Кликнете на тоа што прво ќе го забележите на оваа слика и откријте што ве вознемирува во моментов


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар