Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

Понекогаш искуствата што ни изгледаат како најстрашни имаат најпозитивно влијание на нас. 29-годишниот модел, Теса Синдер од Филаделфија, неодамна го споделила застрашувачкиот момент што ѝ го променил животот со цел да ги инспирира другите. Таа открила дека уште на многу рана возраст донела одлука да ѝ ја ампутираат ногата за да си ги зголеми шансите да преживее рак.

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„Прв пат забележав болки пролетта во 2000-та година и отидов на лекар каде што ми дадоа погрешна дијагноза – болки од растење. Малку по малку болката се зголемуваше секое утро. Едно утро се будев во солзи и ми беа потребни неколку минути за да ја можам да ја свиткам ногата. Со текот на времето не можев ни да се допрам. Неколку месеци подоцна ми закажаа магнетна резонанца. “

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„Ми направија биопсија на ногата и 10 денови ме проверуваше хирург. Стоеше пред мене и се обидуваше на наједноставен начин да му објасни на 11-годишно девојче дека има рак на десната бутна коска.“

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„Штом ме дијагностицираа, нештата се случија брзо. Примав хемотерапија. Кога прв пат влегов во болницата имав долга кафеава коса што многу ја сакав. Лекарите и сестрите ми ги објаснија несаканите ефекти од хемотерапијата и како ќе ја изгубам косата, па ми предложија да ја скратам. Мислев дека изгледам чудно и се чувствував ранливо.“

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

Хемотерапијата целосно го презела нејзиниот живот. Нејзиното здравје се влошило од третманот и секогаш чувствувала слабост. По два месеци хемотерапија, ѝ кажале за друга опција – ампутација.

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„Процедурата вклучува сечење над туморот со цел да се намалат шансите за негово враќање. Мислам дека родителите сакаа да ми дадат некаква моќ со тоа што ми дадоа шанса да одберам што сакам да правам. Дури и со мојот 11-годишен ум помислив дека ако се ослободам од ногата и веќе нема да треба да се справувам со ова, тогаш зошто да не?“

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар