Овој прекрасен италијански ресторан е идеална локација за летните вечери

Островот Капри е дестинација која мора да ја посетите барем еднаш во животот. Покрај живописните места за риболов, старата медитеранска култура и прекрасните заливи и плажи, добрата храна е исто така една од причините да се вљубите во ова место. Островот е полн со одлични ресторани, но овој ресторан навистина е магичен.

Ресторанот Да Паолино со години привлекува посетители од целиот свет поради својата медитеранска кујна и стогодишните лимонови дрвја кои ја украсуваат терасата. Семејството Де Мартино го води ова место повеќе од 50 години. Необичните лимони се причината зошто овој ресторан стана вистинска атракција. Замислете тиква, летна вечер полна со свежа морска храна и неодолива миризба на лимони.

Ver esta publicación en Instagram

Una publicación compartida de fg (@fatmaalgosaibi) el

Прочитајте и која е најубавата плажа во Европа за 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар