Ова е најубавата плажа во Европа за 2020 година

Светски познатиот портал „Tripadvisor“ секоја година го доделува признанието за најдобри дестинации според изборот на патниците, во зависност од прегледите, од оценките и од коментарите што ги добиле од посетителите претходната година.

Ова е најубавата плажа во Европа за 2020 година

Според тоа, најубавата плажа во Европа за 2020 година се наоѓа на Сицилија.

Плажата наречена „Зајачка плажа“, позната како „Rabbit beach“ (Spiaggia dei Conigli), се наоѓа на островот Лампедуза, кој инаку се смета за едно од најубавите места во цела Италија.

Убавите сини нијанси на морската вода и долгата песочна патека неодоливо потсетуваат на убавините на Карипското Море и на Сејшелите, па оваа плажа заслужено победи во оваа категоријата.

Потоа следуваат плажите Клефтико на грчкиот остров Милос, Лускентајр во Велика Британија и Плаја де Сес Илетес и Ла Конча во Шпанија.

Во продолжение погледнете неколку фотографии од оваа прекрасна плажа.

Ова е најубавата плажа во Европа за 2020 година

Ова е најубавата плажа во Европа за 2020 година

Ова е најубавата плажа во Европа за 2020 година

Ова е најубавата плажа во Европа за 2020 година

Ова е најубавата плажа во Европа за 2020 година

Погледнете кои 7 помалку познати дестинации ќе бидат популарни во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар