Мистериозното место од најлошиот кошмар: Дали ова е најстрашната опседната куќа во светот?

Во далечната 1886 година, Сара Винчестер се преселила во Калифорнија каде што купила куќа со 8 соби. Таа одлучила да ги реновира по своја желба. Но, реновирањето се претворило во доживотен проект на кој таа потрошила околу 5 милиони долари. По нејзината смрт во 1922 година, откриено е дека таа ја претворила куќата во неверојатна зграда со модерен водовод, 160 соби, 6 кујни и 2 подруми со повеќе од 2000 врати и 10 000 прозорци.

Мистериозното место од најлошиот кошмар: Дали ова е најстрашната опседната куќа во светот?

Тоа не е најчудната работа за куќата. Некои од вратите во мистериозната куќа не можат да се отворат, а некои прозорци се поставени во соби без никаков извор на светлина. Куќата исто така има скали кои не водат никаде. Сè е полно со тајни ходници, а посебна привлечност има едно шкафче кое кога се отвора води низ 30 соби во куќата.

Никој не знае што Сара сакала да постигне со овој проект, но има многу теории. Сара била вдовица и наследила големо богатство од нејзиниот сопруг Вилијам Вирт Винчестер. Многу луѓе веруваат дека таа била прогонувана во куќата од страна на духовите кои биле убиени во тие соби. Други тврдат дека таа изградила лавиринт за да избега од злите духови. Таа, наводно, дури и спиела во различна соба секоја вечер за да им избега.

Мистериозното место од најлошиот кошмар: Дали ова е најстрашната опседната куќа во светот?

Постојат и луѓе кои веруваат дека таа никогаш не престанала да гради, бидејќи се плашела дека ќе умре во моментот кога градбата на куќата ќе заврши. Реновирањето било попречено од голем земјотрес во 1906 година кој предизвикал голема штета и дел од куќата пропаднал.

Мистериозната куќа е голема туристичка атракција и ја посетуваат луѓе кои веруваат во духови како и љубителите на чудните феномени. Десетици посетители велат дека почувствувале „присуство“ на некој во куќата, поради што честопати се нарекува и најстрашната опседната куќа на светот.

Оваа приказна делумно е раскажана и во хорор филмот „Куќа на духовите“. Погледнете како изгледа трејлерот на филмот и куќата однатре.

Прочитајте ги и овие 10 кратки хорор приказни за оние со челично срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар