Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

Можеби сте ги прифатиле овие историски случувања како факти, но тие всушност не се целосно точни или се предимензионирани.

1. Нерон не свирел на виолина додека Рим горел

Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

Овој римски император од првиот век сигурно не е невин за пожарот кој го зафатил Рим, но тој дефинитивно не музицирал додека градот горел. Историчарите тврдат дека тој дури и не бил во Рим кога започнал пожарот. Според историските податоци тој тогаш бил во Антиум, место кое било околу 50 км оддалечено од градот. Од друга страна, во антички Рим немало такво нешто како виолина. Нерон бил музичар (и наводно сакал да свири на инструмент сличен на харфа наречен китара), но сигурно не свирел инструмент што се појавил дури во 11 век. Еден римски историчар тврди дека, во тој момент, тој можеби го опевал легендарниот пад на Троја, но нема извештаи кои би го потврдиле овој факт.

2. Стаорците не ја рашириле чумата

Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

Некои неодамнешни студии откриваат дека стаорците всушност не биле причината поради која во XIV век се раширила чумата во Европа. Истражувачи од Универзитетот во Осло се позанимавале со прашањето за ширењето на оваа смртоносна пандемија и откриле дека има поголема веројатност причинители на брзото ширење да биле паразитите кои пренесуваат болести, а вирееле и меѓу луѓето. Според нив, тезата дека вошки го предизвикале проширувањето на болеста е поверојатен.

3. Ниња, Пинта и Санта Марија всушност не се имињата на бродовите на Кристофер Колумбо

Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

Единствениот точен факт кој го имале историчарите бил дека тој отпловил на своето историско патување во 1492 година. Сепак тој не ја „открил“ Америка, затоа што таму веќе живееле луѓе и тоа со векови. И тој не бил првиот европски истражувач кој допловил до Северна Америка. Викинзите уште во X век допловиле на канадско копно. Дури и толку споменуваните имиња на бродовите не се точни. Точно е името само на еден, бидејќи во тоа време бродовите биле именувани според светци.

4. Никогаш не паднало јаболко врз главата на Њутн

Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

Приказната дека славниот математичар имал откровение за гравитацијата откако му паднало јаболко врз главата е најверојатно „разубавување“ на она што навистина се случило. Првата приказна за јаболкото се појавила во биографијата за Њутн, напишана од неговиот пријател Вилијам Штукели во 1792 година. Во неа тој вели дека идејата за гравитација му паднала на ум на научникот гледајќи како паѓа јаболко, додека седел и размислувал. Историчарите сметаат дека можеби видел како паѓа јаболко, а потоа размислувал зошто се случило тоа, но во ниту еден запис за животот на Њутн не се вели дека му паднало јаболко врз глава.

5. Таканаречените вештерки не биле спалени на клада во Салем

Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

Нема факти кои го потврдуваат овој настан од XV век. Познати се случаи на каменување до смрт или бесење поради наводно вештерство, но немало спалувања, барем не во Салем. Ваквите наводи се поттикнати од хистеријата против т.н. вештерки која во тој период ја зафатила Европа. Сепак, многу жени во периодот од XV до XVIII век биле изгорени поради бавење со магија. Понекогаш вистината ја победува фикцијата.

6. Бенџамин Френклин не ја открил струјата

Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

Тој во 1752 год. само ја објавил тезата во која го објаснува својот експеримент. Но, нејзиното постоење веќе било факт за научниците. Ниту тој самиот не потврдил дека дошол до ова откритие туку само го објаснил успешниот експеримент кој го извел.

7. Марија Антоанета не рекла „Нека јадат колачи“

Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

Контроверзната француска кралица никогаш не рекла вакво нешто. Уште претходно луѓе од кралскиот двор живеејќи во декаденција велеле дека сиромашните треба да јадат деликатеси кои не можат да си ги дозволат.

Репликата „Qu’ils mangent de la brioche“ на француски се појавила првпат во биографијата за „великата принцеза“ од Жан Жак Русо во 1767 год.

8. Винсент Ван Гог не си го пресекол увото

Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

Барем не целото. Уметникот само го пресекол долниот дел од неговото уво, а причините зошто го направил тоа не се познати. Во тој период тој пател од тешка депресија, па некои историчари тврдат дека тоа го направил по кавга со неговиот колега и соперник Пол Гоген. Но, други велат дека тој го пресекол своето уво откако дознал дека неговиот брат (кој го финансирал неговото творештво) се верил. Едно е сигурно, тој не си ја исекол целата ушна школка, како што се тврди.

Можеби сакате да прочитате и за единствениот историски феномен со кој десет дена од историјата биле избришани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар