Единствен историски феномен! Дали сте знаеле дека десет дена од историјата биле избришани?

Промената од јулијанскиот календар на грегоријанскиот предизвикала единствен историски феномен – деновите измеѓу 5-ти и 14-ти октомври 1582 година биле избришани!

Единствен историски феномен! Дали сте знаеле дека десет дена од историјата биле избришани?

Таа година папата Грегориј 13-ти изјавил дека е воведена реформа за постоечкиот календар на Јулиј Цезар, што бил започнат во 46-та година пред новата ера, со нов календар кој бил наречен грегоријански.

Јулијанскиот и грегоријански календар имале разлика од 10 дена, па папата Грегориј едноставно наредил тие вишок денови да се избришат. И така, веднаш после 4 октомври 1582 следувал денот 15-ти октомври 1582 година.

Таа разлика помеѓу „стариот“ и „новиот“ календар се зголемува постепено и од времето на папата Грегориј „се појавиле“ уште два дена, па затоа јулијанскиот календар моментално доцни во однос на грегоријанскиот 13 дена. Во 2100-та година, таа разлика ќе биде 14 дена, во 2200-та година 15, во 2300-та година 16 и така натака… Интересно, се согласувате?

Дознајте и што открива датумот на вашата венчавка за иднината на бракот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар