Одличен трик: Како да добиете луксузна соба во хотел без доплата?

Често се пишува за можностите да ги подобрите условите на патување во авионските летови, за начините на префрлување во повисока класа, но што е со можноста да се добие подобра хотелска соба по цена на стандардната?

Иако бесплатниот шампањ и поголемиот простор за уживање се одлични, вашата хотелска соба треба да биде место каде што треба да се одморите и да се наспиете. Па, како да се префрлите од стандардната соба, која веќе сте ја платиле, во некоја подобра? Како од малиот брачен кревет да добиете кралска големина со прекрасен поглед?

Според експертите за патување и голем број сајтови кои се бават со резервации, трикот не е во тоа да се преправате дека сте на меден месец или пак, да флертувате со личноста што работи на рецепција, туку едноставно подоцна да пристигнете во хотелот. Постои голема шанса дека кога ова ќе се случи, сите стандардни соби веќе да се пополнети, па вам да мора да ве сместат во некои од достапните, но поскапи соби.

Истото го истакнуваат и инсајдерите од хотелската индустрија и наведуваат дека ако пристигнете подоцна, големи се шансите да нема веќе слободни стандардни соби. Исто така, хотелите сами пуштаат поголем број на соби отколку што имаат, затоа што очекуваат некои од гостите воопшто да не се појават.

Па, следен пат кога ќе одите на патување, испробајте го ова и во пракса. Имајте на ум само дека хотелот треба да биде во сезона и на малку попопуларно место за да се зголемат шансите собите да бидат пополнети.

Дознајте и кое е значењето на овие 11 необични трикови во хотелската индустрија коишто ги збунуваат гостите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар