Неколку совети за правилно нанесување на мат кармин

Неколку совети за правилно нанесување на мат кармин

Мат кармините се впечатливи, но не премногу и му овозможуваат на цел изглед елегантна нота додека истовремено и не изгледаат премногу формално. Тие се идеални за вечерни излегувања, но и за секојдневно носење и не постои дама која барем еднаш не пробала ваков кармин.

Единствената маана на овој кармин е тоа што поголемиот дел од нив ги сушат усните и на крајот од денот можат да изгледаат лошо и неуредно. Сепак, и ова може да се реши во само неколку едноставни чекори. Кога знаете што треба да правите, нештата се многу поедноставни.

Пилинг на усните

Со цел да го спречите брзото сушење на усните, и истовремено да ја отстраните целата испукана кожа, потребно е да направите благ пилинг. Инвестирајте во производи обогатени со шеа путер и витамин Е, кои благотворно делуваат на кожата на усните. Ова е првиот чекор за долготрајност и нежен изглед на мат карминот.

Редовна хидратација

Кожата на усните има три слоја (за споредба, остатокот од телото има околу 15), поради што не произведува природно масло, односно себум, чија задача е заштита и хидратација. Токму затоа и усните се посклони на УВ оштетувања и генерално повеќе се „трошат“ од самотокот од кожата. Токму затоа е и важно редовно да ги хидрирате со посебни маски и балсами за усни за тие да останат меки.

Квалитетен прајмер

Прајмерот е одлична подлога за нанесување на кој било кармин, сјај или моливче. Но, тој е особено добар за мат кармините затоа што помага при рамномерното нанесување и овозможува подолго траење.

Дефинирање на усните

Користењето на моливчето пред нанесувањето мат кармин ќе ви помогне да останете во линиите и совршено да ги обоите усните. Водете сметка и моливчето да биде мат за подобар ефект.

Нанесување на карминот

Кога ќе ги подготвите усните во целост, тие ќе бидат спремни за последниот чекор – карминот. Немојте да нанесувате повеќе од еден слој бидејќи ризикувате во целост да ги исушите усните и да добиете изглед каков што сигурно не посакувате. Ако не успеете од прва убаво да го распределите карминот, направете го тоа со прстите или со четка наместо со втор слој.

Прочитајте и што вели формата на врвот на вашиот омилен кармин за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар