Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

Овој хотел се наоѓа на брегот на островот Риген во Германија, а се протега на простор од скоро 5 километри покрај бела песочна плажа. Верувале или не, но тој има 10.000 спални соби. Иако е изграден пред повеќе од 70 години, никој нема престојувано во него. Неговото име е „Prora“, а изграден е во периодот од 1936 до 1939 година од страна на нацистите како дел од нивната програма „Сила преку радост“. Целта била да се обезбедат рекреативни активности за германските работници и да се шири нацистичката пропаганда.

Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

Комплексот е составен од осум идентични згради, чија вкупна должина изнесува нешто повеќе од 4,5 километри, а истите се наоѓаат на околу 150 метри од плажата. Во нивната изградба учествувале 9.000 работници, а нацистите имале во план да изградат уште 4 вакви комплекси. Во секој од нив се планирало да има кино, хала за фестивали, базени и пристаништа, каде што ќе пристигнувале бродовите за крстарење.

Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

Плановите на Хитлер за хотелот биле многу амбициозни. Тој сакал да го има најголемиот ресорт кој некогаш постоел, а во него да има 20.000 кревети. Сите соби во хотелот гледаат кон морето, додека ходниците и собите за вработените гледаат на спротивната страна. Планот бил секоја соба да има во неа два кревети, плакар и лавабо. Собите биле изградени со димензии 2,5 х 5 метри. Бањите и тоалетите се наоѓале на секој кат од зградите и биле заеднички.

Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

Сепак, комплексот никогаш не бил завршен бидејќи започнала Втората Светска војна, па приоритетите на Хитлер се промениле. За време на војната, многу граѓани од Хамбург се засолниле во овој комплекс, додека подоцна многу бегалци од истокот на Германија биле сместени таму. По војната, „Prora“ се трансформирал во воен комплекс на армијата на Источна Германија. Подоцна, откако Германија се обединила, комплексот станал и згрижувалиште за азилантите од Балканот.

Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувалНацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал

Денеска, комплексот е скоро целосно напуштен, освен еден мал дел кој се користи за други цели. Исто така во 2011 година, еден блок од хотелот се претвори во хостел со 400 кревети, а планот е во иднина „Prora“ да се претвори во модерен фамилијарен комплекс со 300 кревети, во кој ќе има тениски игралишта, базени и мал трговски центар.

Нацистичкиот хотел со 10.000 соби, во кој никој не престојувал


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар