На португалскиот остров Мадеира се отвора првото село за дигитални номади!

На португалскиот остров Мадеира се отвора првото село за дигитални номади!

Дигитални номади се луѓе кои користат само дигитални технологии за да ја завршат својата работа, сакаат да патуваат, независни се и живеат на многу места. На кратко, дигиталниот номад живее и работи на пат бидејќи тој може да си ја заврши својата работа од кој било агол на светот, за што му треба само пристап до Интернет.

На португалскиот остров Мадеира се отвора првото село за дигитални номади!

Дигиталните номади се сè побројна група во светот, а некои од професиите што им припаѓаат се блогери, дизајнери, новинари, фотографи. Сега има и нова група номади. Поради моменталната состојба, работата од дома за многумина стана дел од секојдневниот живот, па затоа веќе не се осудувани на пет дена во канцеларија, односно работат од далечина.

Тоа влијаеше и на другите области од нашите животи, па сè повеќе луѓе ќе одат на подолги патувања каде што ќе можат да ги комбинираат работата и задоволството на поефикасен начин. Оваа година се очекува значително зголемување на годишните одмори во комбинација со работа, при што патниците се обидуваат да ги продолжат своите патувања на нови локации и да останат една или две недели подолго за да работат надвор од канцеларијата или да организираат одмори додека се на службено патување.

Имајќи го ова на ум, првото европско село за дигитални номади се отвора на португалскиот остров Мадеира. Станува збор за проект кој ги отвора вратите за заинтересираните дигитални номади на 1 февруари, во градот Понта до Сол. До 30 јуни, 100 дигитални номади имаат можност да живеат на ова прекрасно место каде што климата е секогаш пријатна, сонцето грее цела година, а природата е неверојатно убава. Ова номадско село им нуди на патниците бесплатни канцеларии, бесплатен интернет од 8 до 22 часот секој ден и многу други работи, а единствениот услов е тие да се обврзат да останат минимум еден месец.

Проектот е заедничка иницијатива на регионалната влада на Мадеира, стартап „Мадеира“ и Гонсало Хала, консултант за телекомуникација. Тие исто така се здружија со локални компании, како хотели и компании за изнајмување автомобили. Гонсало и неговите партнери се надеваат дека ќе започнат повеќе слични проекти во Мадеира и во неколку рурални области во Португалија.

Прочитајте ги овие совети за дигитални номади.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар