Музиката како лек за несоницата

Докажано е дека музиката влијае на нашите емоции. Таа може да нѐ расплаче, но и да нѐ наполни со позитивна енергија. Едно неодамнешно истражување спроведено од научници и лекари од Хонгконг покажало дека музиката може и да нѐ успие.

Музиката како лек за несоницата

Имено, учесниците во истражувањето кои секоја вечер пред спиењето слушале музика во период од 30-45 минути заспивале побргу, но и подобро спиеле и се чувствувале подобро следното утро.

Песните кои се слушале за време на истражувањето имале помеѓу 60 и 80 удари во една минута. Со приближно ист ритам чука и нашето срце додека заспиваме. Со тоа научниците потврдиле дека може да го принудиме телото да се опушти со слушање на вистинската музика.

Други истражувачи претходно соработувале со музичари за да создадат музика која би им помагала на луѓето побргу да заспијат. Така, во 2011 година, англиското трио „Маркони Јунион“ ја снимиле „Weightless“ – мелодија која била создадена да им помогне на слушателите да се опуштат преку проверени звуци и ритам кој го успорува чукањето на срцето.

Се чини дека музиката може да делува и на анксиозноста. Скоро истражување открило дека учесниците кои слушале музика додека решавале тешки загатки имале помали нивоа на анксиозност за дури 65% во споредба со оние кои не слушале музика за време на задачите.

Доколку сакате да заспиете побргу и да спиете подобро, обидете се со слушање на следниве мелодии пред спиење.

Клод Дебиси – „Clair de lune“

Моцарт – „Canzonetta Sull’aria“

Шопен – „Nocturne“

Сајмон и Гарфанкл – „The Boxer“

Кога станува збор за слушањето музика на работа, дали тоа навистина ве прави попродуктивни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар