Како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?

Како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?

Хотелот „Атлантис“ се наоѓа на вештачкиот архипелаг Палм Џумеира во Дубаи. Откако е отворен во 2008 година, хотелот претставува синоним за луксуз. Но, наскоро ќе биде готов и „Атлантис 2“, кој се очекува да биде многу подобар од оригиналниот.

Како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?

„Атлантис 2“ треба да биде изграден до крајот на 2020 година. Дубаи ќе плати 1,4 милијарди долари за изградба на хотелот, а него го гради групацијата „Керзнер“, која стои и зад првиот „Атлантис“.

Комплексот, кој започнал да се гради во 2014 година, ќе има две кули. Во едната кула ќе биде сместен луксузен хотел, додека во другата ќе има апартмани кои ќе бидат на продажба. Она што е најинтересно во врска со новиот хотел е тоа што тој ќе има „спа-мост“ со базен кој ќе ги спојува двете главни кули на хотелот. Меѓу останатото, гостите ќе уживаат и во приватни базени и за нив ќе готват познати готвачи.

Кулата во која ќе биде сместен хотелот ќе има 795 соби и апартмани на 43 ката, како и приватни клубови, ресторани и барови.

Во резиденцијалниот дел ќе има 231 апартмани со две до пет соби. Најниската цена за еден апартман е два милиони долари. Сите резиденции ќе имаат градина со балкон и базен, а станарите ќе имаат и своја приватна плажа.

Како ќе изгледа сето ова? Погледнете во видеото.

Треба да се почека за да се види овој хотел, но дознајте како да добиете луксузна соба во хотел без доплата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар