Дали слушањето музика на работа навистина ве прави попродуктивни?

Повеќето луѓе сакаат да слушаат музика додека работат на некој проект, со цел да ја зголемат нивната продуктивност. Но, зошто речиси сите го имаме овој „инстинкт“ и дали има некоја вистина зад него?

Дали слушањето музика на работа навистина ве прави попродуктивни?

Музиката го подобрува здравјето и функцијата на мозокот на неколку начини, а често ги чувствуваме придобивките без воопшто да знаеме дека музиката е причината.

„Таа ја подобрува интелигенцијата, расположението, продуктивноста и го намалува стресот кај луѓето од сите возрасти. Музиката е одлична за мозокот бидејќи го активира речиси секој дел од него. Постојаното слушање музика резултира со поздрав мозок“, изјавила доктор Кетрин Џексон, лиценциран клинички психолог.

Колку што е корисно слушањето музика, од свирењето музички инструмент има уште поголеми придобивки.

Музиката била дел од човечката комуникација и поврзаност илјадници години. Кога слушаме музика, нашето расположение се подобрува и се чувствуваме посреќно. Како резултат, кога слушаме музика додека работиме, ќе бидеме посреќни и под помалку стрес. Ова резултира со зголемена продуктивност и точност, како и добивање подобри и покреативни идеи.

Истражувањата покажале дека слушањето музика без текст може да го подобри вниманието и перформансот. Воглавно, оваа музика има ефект на „бела врева“, каде што слушателите искусуваат подобрена емоционална состојба.

Но, истражувањата исто така покажале дека вкусот на музика може да има поголемо влијание од типот на музика што се слуша. Како и да е, слушањето музика има влијание врз природната шема за препознавање на мозок и центрите за предвидување и води до лачење на допамин. Како резултат се намалува стресот, се подобрува вниманието и се зголемува целокупната продуктивност.

Можеби најважното нешто е што музиката ни помага да слушаме. Вистинското слушање значи полнење на мозокот со грижа и енергија. Исто така тоа значи промена на човечките врски. Кога ќе научите да слушате и да се фокусирате, можете да ја насочите вашата продуктивност и да го извлечете максимумот од себе, а сето ова додека ја слушате омилената песна.

Погледнете и кои видови музика ја зголемуваат вашата продуктивност.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар