Мускулеста мачка го привлече вниманието на Интернетот и ги насмеа сите

Мускулеста мачка го привлече вниманието на Интернетот и ги насмеа сите

Интернетот обожава мачки, во тоа нема сомнеж. Но, никој досега немал можност да види олку мускулеста мачка! Таа била забележана на улиците во Монтреал, Канада и од тогаш добила сопствен Твитер профил каде што во моментов има над 17 илјади следбеници. Поголемиот дел од луѓето веќе почнаа со серија незаборавни мемиња, додека помал дел се загрижени за нејзиното здравје, шпекулирајќи дека таа има ретко генетско нарушување што предизвикува некои животни, најчесто домашните, да станат „двојно мускулести“. Ние искрено се надеваме дека сè е во ред со нејзиното здравје, па затоа и ги споделивме овие фотографии со вас за да ви го направиме денот подобар!

Погледнете ги и мемињата што се раширија низ светот на Интернетот…

Запознајте ја и Луху, најтажната мачка на Интернет!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар