Франција можеби ќе им забрани на продавниците да ја фрлаат непродадената облека

Знаете ли што претставува изразот „брза мода“? Брза мода е тренд на одбивање парчиња облека бидејќи имаат мали фабрички грешки, или едноставно бидејќи повеќе не се модерни. Како резултат на ова многу продавници ја фрлаат облеката во ѓубре. Ова не само што е загуба на облека, туку предизвикува вистинска криза во природата.

Франција можеби ќе им забрани на продавниците да ја фрлаат непродадената облека

Во 2012-та година, 84% од несаканата облека во САД завршила во депонија или инсинератор. Во депонијата, облеката го создава стакленичкиот гас метан додека се распаѓа. Покрај тоа маслата, боите и избелувачите на облеката завршуваат во природата испуштајќи токсини во воздухот и водата. Ова е проблем што Франција сака да го реши, барем на нивна територија. Со цел да се постигне ова, Франција предложила забрана за фрлање или уништување на непродадена облека.

Францускиот премиер Едуар Филип направил план за развој на економијата на државата. Еден од многуте предлози е да се забрани фрлањето на непродадениот текстил. До 2019-та година сакаат да се осигурат дека непродадената роба нема да биде фрлена или уништена. Не е направен одреден распоред, но се смета дека крајниот рок до 2019-та година ќе ѝ дозволи на власта да ја разгледа ситуацијата.

Проблемот со отпадот од текстил се истакнал порано оваа година кога еден жител го снимил уништувањето на облеката од страна на компанијата Celio. Компанијата подоцна изјавила дека облеката бил уништена бидејќи не се носела и била оштетена. Но овој изговор не бил доволен. Неколку недели подоцна се изјавило дека H&M гори околу 12 тони облека секоја година од 2013-та.

Се разбира, виновни се и граѓаните. Секоја година потрошувачите во Европа фрлаат 4 милиони тони облека. Истовремено на пазарот се појавуваат 5 милиони нови парчиња облека. Франција моментално го има еден од најголемите пазари во Европа. Од 700.000 тони облека што се фрлаат, рециклирани се само 160.000.

За да се стави крај на отпадот од облека, француските власти се надеваат дека законот ќе стапи на сила до 2019-та година. Овој закон може да се однесува и на покуќнина, текстил хотели, електроника и храна.

Ако сакате и вие да престанете со фрлање облека, овие идеи ќе ви помогнат да им дадете нов живот на вашите џемпери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар