9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете нивното негативно влијание на тежината

Дебелеењето често е поврзано со прејадување, но може да биде предизвикано и од хормонална нерамнотежа. Додека е навистина лесно да се здебелите, намалувањето на вишокот килограми е многу потешко. Многу нешта како стрес, возраст, гени и лоши животни навики можат да предизвикаат хормонална нерамнотежа која води до дебелеење. Најчесто станува збор за следниве 9 хормони.

1. Тироидни хормони

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете

Тироидната жлезда се наоѓа на нашиот врат и ги произведува хормоните Т3, Т4 и калцитонин чија задача е одржување на метаболизмот. Намаленото производство на овие хормони често води до хипотироидизам. Ова нарушување често е поврзано со дебелеење најмногу поради акумулацијата на вода во телото, а не масни наслаги.

Како да го избегнете дебелеењето од тироидните хормони?
  • Консумирајте јодирана сол.
  • Јадете готвена храна и избегнувајте сурови зеленчуци.
  • Земајте витамин Д.
  • Консумирајте храна богата со цинк како школки и семки од тиква.

2. Инсулин

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете

Инсулинот е хормон кој е произведен од панкреасот. Тој помага во носењето на гликозата до клетките каде што се користи за енергија или се складира како сало. Претераното консумирање преработена и нездрава храна, алкохол и пијалаци со вештачки засладувачи можат да го направат телото отпорно на инсулин. Тогаш мускулните клетки не го препознаваат инсулинот со гликоза, па таа останува во крвта. Ова го покачува нејзиното ниво на шеќер и се добива дијабетес тип 2.

Како да го избегнете дебелеењето од инсулинот?
  • Консумирајте лисест зелен зеленчук, сезонско овошје и сезонски зеленчук.
  • За да го подобрите нивото на омега 3 масни киселини консумирајте риба, јаткасти плодови, маслиново масло и ленено семе.
  • Пијте барем 4 литри вода дневно.
  • Вежбајте барем 4 часа неделно.
  • Избегнувајте алкохол, јадење навечер и газирани и засладени пијалаци.

3. Кортизол

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете

Кортизолот го лачат надбубрежните жлезди кога сте депресивни, анксиозни, нервозни, гневни, под стрес или физички повредени. Главната функција му е намалување на стресот со покачување на нивото на шеќер во крвта, потиснување на имунитетот и помагање во обработката на мастите, протеините и јаглехидратите. Но, поради нашите лоши животни навики телото може постојано да биде под стрес, па кортизолот го одредува целокупното здравје.

Како да го избегнете дебелеењето од кортизолот?
  • Спијте по 8 часа секоја вечер.
  • Избегнувајте преработена и пржена храна и алкохол.
  • Вежбајте длабоко дишење, јога и медитација барем еден час дневно.
  • Поминувајте време со семејството и пријателите за да се релаксирате.

4. Тестостерон

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете

Иако се смета за машки хормон, и женскиот организам лачи тестостерон. Тој помага при согорувањето на масните наслаги, ги зајакнува коските и мускулите и го подобрува либидото. Возраста и стресот можат да предизвикаат намалување на нивото на тестостерон кај жените. Ова води до намалување на густината на коските, губење мускулна маса и дебелина.

Како да го избегнете дебелеењето од тестостерон?
  • Вежбајте редовно.
  • Избегнувајте алкохол.
  • Консумирајте протеини.
  • Консумирајте храна богата со влакна, како семки од тиква и ленено семе.

5. Прогестерон

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете

Во телото треба да постои рамнотежа помеѓу нивото на прогестерон и естроген за негово нормално функционирање. Нивото на прогестеронот може да се намали поради стрес, контрацепциски пилули, менопауза и слично. Ова води до дебелеење и депресија.

Како да го избегнете дебелеењето од прогестерон?
  • Вежбајте редовно.
  • Медитирајте.
  • Избегнувајте стресни ситуации.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар