7 примери за решавање глобални проблеми што сите треба да ги следиме

Замислете си свет каде што нема ѓубре, загадување на воздухот, глад и бездомни животни. Дали мислите дека ова е само недостижен сон? За среќа, овој совршен свет може да стане реалност. Некои држави веќе имаат најдено решенија за некои глобални проблеми и сега ќе дознаете како. Следејќи го нивниот пример и вие можете да направите разлика.

1. Грижа за бездомни животни

7 примери за решавање на глобални проблеми што сите треба да ги следиме

Сè повеќе и повеќе луѓе се сочувствуваат со бездомните животни. Државите како Австрија, Германија и Чешка го решиле овој проблем. Тие создале добро организиран систем за заштита на животните. Секое животно има свои права и прекршувањето на овие права може да води до казни, па дури и затвор.

Исто така, големо внимание се обрнува на засолништата за животните. На пример во Чешка оваа задача е на полицијата, додека финансирањето е од страна на буџетот на градовите. Убивањето животни е забрането со закон. Во оваа држава посвојувањето животни е навистина популарно.

Понекогаш е тешко да им се најде дом на бездомните животни. Во Турција се инсталирани автомати кои ги хранат животните. За да добиете 20 грама храна, потребно е да ставите пластично шише во машината.

2. Селектирање на отпадот

7 примери за решавање на глобални проблеми што сите треба да ги следиме

Колку повеќе луѓе има во светот, толку повеќе отпад се произведува. Повеќето од нас не ни помислуваме што се случува со ѓубрето откако ќе го фрлиме.

Во Камикацу, Јапонија, има неверојатен систем за ослободување од отпадот. Секој граѓанин добил прирачник од 27 страници за тоа како да го селектира отпадот. Според прирачникот, ѓубрето треба да се сортира во 37 разни корпи. Ако инструкциите не кажуваат што да правите со одреден вид отпад, тој завршува во јавниот склад за рециклирање. Овој систем покажал неверојатни резултати – 80% од отпадот е искористен, а останатите 20% се користат како ѓубриво. Замислете, град без ѓубре!

Овие вести го шокираа светот и од Сан Диего изјавиле дека сакаат да го намалат отпадот за 75% до 2030-та година, а целосно да се ослободат од него до 2040-та. И Њујорк има големи планови. Градот се надева дека ќе ги постигне резултатите на Камикацу за 15 години.

3. Чист воздух

7 примери за решавање на глобални проблеми што сите треба да ги следиме

Загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми во големите градови, а многумина сметаат дека нема решение. Но, уметникот Даан Русегаарде од Холандија во соработка со инженери ја конструирал Кулата против смог.

Оваа кула може да исчисти 30.000 метри квадратни воздух на час, а троши енергија колку обичен бојлер. Во процесот на прочистување тврдите нечистотии се компресираат и потоа се употребуваат за изработка на накит. Кулата е веќе тестирана во Кина и се користи во неколку европски градови.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар