Луѓето кои работат од дома се посреќни!

За многу работни позиции денес потребен е само компјутер поврзан на Интернет. А, тоа ги поедноставува работните обврски за многумина. Според ново истражување, оние луѓе кои може да работат од каде било се и посреќни.

Луѓето кои работат од дома се посреќни

Компанијата „Аул лабс“ спровела анкета врз 1.202 Американци на возраст од 22 до 65 години кои работат со полно работно време. 62% од испитаниците имале опција за работа од дома и ја практикувале, додека 38% работеле во канцеларија во текот на целото работно време.

Податоците од истражувањето покажуваат дека работењето од дома ги прави луѓето посреќни. 71% од испитаниците кои работеле од дома изјавиле дека нивната работа ги прави среќни. Од друга страна, само 55% од оние кои работеле во канцеларија го кажале истото.

Истото истражување вели и дека луѓето кои работат од дома заработуваат повеќе и тие почесто остануваат да работат во иста компанија барем пет години.

Без разлика дали работите од дома или во канцеларија, прочитајте дали слушањето музика на работа навистина ве прави попродуктивни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар