Авантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгур

Приказната за Гас – кучето на две нозе, ќе ве разнежни и ќе ве научи на многу важна лекција за посветеноста и борбеноста. Прочитајте го овој текст што без сомнеж ќе ве стопи и инспирира.

Авантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгур

„Навистина многу наликуваше на бебе-кенгур!“ – Ова е првата мисла што ѝ поминала низ главата на Мелоди Рецонико од Вајоминг, во моментот кога за првпат го видела Гас – неодоливо куче со две нозе кое било занемарено од претходните сопственици. Откако видела фотографија од него, го земала телефонот во рака и веднаш ѝ пишала на мајка си: „Мислам дека ова ќе биде моето следно милениче!“

Кучето Гас било напуштено во Јужна Дакота кога имало 4 месеци, па Рецонико се поврзала со него преку локалното прифатилиште за животни.

„Едноставно се заљубив во неговата насмевка, иако не можев да проценам колку ќе ме чинат неговите здравствени проблеми“, вели Рецонико.

Авантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгур

Кога го донела дома, знаејќи дека подвижноста на Гас ќе биде ограничена, Рецонико се заангажирала да му набави инвалидска количка.

„Можеше да се движи, но често паѓаше и си ја повредуваше брадата. Колку и да се обидував да му помогнам, бев свесна дека ќе му бидат потребни инвалидска количка и протези за движење“, вели Рецонико.

Најпрво се обиделе со инвалидска количка којашто добро му служела на улиците и на карпестите планински патеки, но Рецонико не сакала да го остави никој пат сам, дури ни кога одела на скијање. Така таа одлучила да го одведе Гас во Вирџинија во продавницата за протези за животни „ОртоПетс“, од каде му набавила помошна протеза изработена токму за неговите потреби. Екстремитетите на Гас не биле доволно цврсти за да можат да издржат класична протеза, па ова ѝ се чинело на Рецонико како најдобра опција. Делот што го прицврстува телото го поставила на парче пластика како основа и добила нешто налик на даска за сноуборд. Сега Гас е куче на две нозе што борда на снег!

Благодарение на различните видови помошна опрема, Гас успеал на се искачи на неколку планини со надморска височина од над 4.000 метри, го посетил градот Моаб во Јута, трчал низ песочни дини, патувал, пливал и кајакарел.

Авантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгур

Кога луѓето ќе го забележат веднаш се интересираат за неговата приказна, а Рецонико секогаш им вели:

„Само затоа што е малку различен, не значи дека не е вреден за некој да се бори за него.“

Таа смета дека ова е одличен пример што нè потсетува дека не треба да потценуваме некој затоа што е различен од нас.

Авантурите на кучето со две нозе што наликува на бебе-кенгур

„Кога го земав, не знаев колкави ќе му бидат физичките капацитети, но сега е најактивното куче што го имам, а дома имам и овчарско куче. Ова е факт што многу зборува за Гас!“ – заклучува Рецонико.

Прочитајте и за ова куче кое не можело да јаде ако не стои исправено, па неговото семејство му направило специјално столче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар