Легендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“

Легендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“

Популарната ТВ серија „Како ја запознав мајка ви“ доаѓа при својот крај. Сѐ уште е неизвесно дали по крајот на осмата сезона, ќе продолжи да се снима или пак конечно ќе дознаеме која е мајката на децата на Тед. Без разлика на сѐ, серијата ќе биде запаметена како една од најгледаните и најинтересните, иако и таа одвреме-навреме си имаше свои падови. Досега сте имале прилика да прочитате интересни занимливости поврзани со оваа серија, но вреди да се прочитаат и овие легендарни факти.

Легендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“

1. Најгледана епизода е „Pineapple Incident“ од првата сезона со 12,5 милиони гледачи на премиерата во САД, додека најмалку гледана е епизодата „Landmarks“ од шестата сезона со околу 6,5 милиони гледачи.

2. Телевизискиот канал „Lifetime“ за прикажување на серијата плаќа по 750.000 американски долари по епизода.

3. Нил Патрик Харис (Барни) заработува 210.000 американски долари по епизода, додека останатите главни ликови по 120.000 американски долари.

4. Во серијата Лили, Тед и Маршал се на иста возраст, но во реалноста Алисон Хениган (38) и Џош Реднер (38) се 5 години постари од Џејсон Сигал (33).

5. Книгите поврзани со шоуто, како „The Bro Code“ и „The Playbook“, се вистински издадени.

6. Барни е навистина креатор на „The Bro Code“. Според пребарувањата на Гугл, пред 2008 година фразата не ни постоела.

7. Околу 20 веб-сајтови кои се спомнуваат во шоуто, навистина се направени. Помеѓу нив се и познатите www.notafathersday.com, slapcountdown.org и puzzlesthebar.com.

8. Во шоуто се направени вкупно 13 „Interventions“ (помагање на пријател).

9. Барни ја носи легендарната вратоврска со патки 11 епизоди.

10. Коби Смолдерс, актерката која ја игра улогата на Робин, е навистина Канаѓанка.

11. Сите познати фрази на Барни ги има во првата епизода.

  • „Have you met Ted?“
  • „What up!“
  • „Wait for it“
  • „Suit up!“

12. Во шоуто Барни има костум за секоја пригода, па дури и во вид на пижами за спиење. Само во 12 прилики во сите сезони, тој не носи костум.

13. За време на сите сезони Тед излегува со околу 29 девојки кои не се мајката на неговите деца.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар