Акапела композиција од песните од Дизниевите цртани филмови

Акапела композиција од песните од Дизниевите цртани филмови

Хедер Траска е 17-годишна средношколка од САД којашто дел од своето слободно време го исполнува со снимање видеа на кои таа самата пее. Нејзината страст за музиката и снимањето ја искомбинирала со убавите спомени од детството, кога уживала во цртаните на Дизни, па го направила ова неверојатно видео со песните од Дизниевите цртани филмови.

Акапела композиција од песните од Дизниевите цртани филмови

Тоа го направила сосема сама. Во текот на 86 дена се снимала како пее 13 песни од филмовите во акапела, а повеќе од 30 пати го променила изгледот и шминката, при што сама си ја дизајнирала облеката. Потоа, повторно сама, ги средила тринаесетте песни во една композиција, па потрошила уште еден месец во креирање на видеото. Вложила навистина голем труд, но гледајќи и слушајќи го крајниот резултат, тоа добро се исплатело.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар