Куче без двоумење им станало сурогат татко на три мали патки

Куче без двоумење им станало сурогат татко на три мали патки

Навистина е интересно како некои животни се поврзуваат едни со други без разлика што се од различен вид. Се спријателуваат и животните за кои најмалку мислите дека би се согласувале. Овие пријателства се навистина чудни за нас, но сепак се преслатки.

Запознајте го Батката

Куче без двоумење им станало сурогат татко на три мали патки

Златниот ретривер со име Батката неодамна си нашол нови пријатели – три мали патки. Но тој одлучил да ги прифати како негови деца. Сега неговите сопственици го нарекуваат горда мајка на три преслатки патки. Нивните имиња се Марџ, Дот и Френсис.

На почетокот на средбата, Батката не бил многу сигурен. Можеби претходно немал видено патка или никогаш не бил толку близу до нив. Бил навистина љубопитен и постојано ја гледал и мирисал кутијата. Сопствениците почнале да ги вадат патките една по една и им давале можност подобро да се запознаат со Батката.

Запознавање

Куче без двоумење им станало сурогат татко на три мали патки

Откако ги извадиле од кутијата, излегло дека и патките се исто толку љубопитни колку и кучето. Сепак, изгледале малку нервозни. Но штом сфатиле дека тој не претставува закана, се почувствувале безбедно.

Семејство!

Куче без двоумење им станало сурогат татко на три мали патки

По првата интеракција на животните, веднаш им станало поудобно. Не било потребно долго за да се роди пријателство. Уште побрзо, Батката истапил напред и решил да преземе одговорност за овие малечки. Поминувал многу време со нив и се грижел за нив.

Патките веруваат дека Батката ги чува безбедни, па дури и спиеле врз него. Го следеле низ дворот, а штом ќе им се приспиело, легнувале во неговата опашка. Веројатно бидејќи ги потсетува на гнездо.

Часови по пливање

Куче без двоумење им станало сурогат татко на три мали патки

Како што растеле, патките требало да научат некои работи, вклучувајќи го и пливањето. Сопственикот на Батката нашол одличен начин да го направат тоа. Му наредил на кучето да легне во мал базен за деца. Штом се сместил, ги ставиле и патките во водата. Почнале да пливаат и да си играат. Кучето било во базенот за да имаат каде да се одморат.

Заеднички живот

Куче без двоумење им станало сурогат татко на три мали патки

Кучето и патките дури почнале да си ги делат и оброците. Патките се малку потпораснати и може да се каже дека ова куче одлично си ја завршило работата како родител.

Погледнете ги и овие необични пријателства помеѓу животни што ќе ви го стопат срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар