Колку чинат одморите на познатите?

Колку чинат одморите на познатите?

Кога славните личности одлучуваат дека им е време да се одморат, не штедат пари за да си го обезбедат најдоброто можно патување. За да проценат колку пари трошат познатите на нивните одмори, луѓето од Hopper Travel собрале податоци за дестинациите кои тие ги посетуваат.Колку пари трошат познатите за одмор?

Кабо Сан Лукас, Мексико

Џенифер Анистон и нејзиниот свршеник Џастин Теро го обожуваат ова место, а и Лејди Гага често го посетува. Сместувањето во луксузната вила „Villa de la Luna“ чини 11.500 долари за седум дена.

Сан Тропе, Франција

Југот на Франција е многу популарен за познатите. Неодамна, Ума Турман и нејзиното семејството престојуваа во ова популарно место на југот на Франција, исто како и Мила Кунис и Ештон Качер. Еднонеделно сместување во „Villa Peninsula“ може да чини и до 47.500 евра.

Бора Бора

Хајди Клум е голем обожавател на овој остров, па токму затоа не ѝ е проблем да издвои 35.000 долари за една недела во одморалиштето „St. Regis“.

Лос Кабос, Мексико

Уште еден обожавател на плажите во Мексико е Кејт Бекинсејл. Еднонеделно сместување во вилата „Golondrina“ може да чини и до 15.400 американски долари.

Миконос, Грција

Членовите на семејството Кардашијан поминаа еден летен распуст на овој грчки остров, а истото го стори и Софија Вергара. Двонеделно сметување во вилите „Aegean Luxury“ може да чини и до 30.000 американски долари.

Порторико

Кога Ева Лонгорија ќе се реши да појде на одмор, можете да се обложите дека ќе биде луксузен. Една недела мината во вилата „Puerto Rico“ чини и до 31.500 долари.

Хаваи

Кети Пери и Џон Маер, како и многу други познати ѕвезди, обожаваат да одат на одмор на Хаваите. Една недела во хотелот „Honu Kai“ чини 11.500 американски долари.

Ибица, Шпанија

Парис Хилтон може ја има привилегијата да се сместува бесплатно во хотелите „Хилтон“, но за еднонеделно летување во вилата „Can Boheme Ibiza“ издвојува 15.000 американски долари.

Капри, Италија

Џенифер Анистон има уште една омилена дестинација, а тоа е Капри во Италија. Една недела помината во вилата „Il Tramonto“ може да чини и до 20.000 американски долари.

Хавана, Куба

Познатиот пар Џеј Зи и Бијонсе, за една недела во вилата „Cuba Luxury Rent“ одвои 25.000 американски долари.

Осло, Норвешка

Ријана неодамна уживаше на одмор во Норвешка каде што цената на еден луксузен апартман, како оние во хотелот „Grand Hotel“, може да чини до 60.000 евра, за една недела.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар