Кои се двете најсреќни доби во животот на луѓето?

Луѓето често велат дека младоста била најубавото време од нивниот живот, но со годините доаѓа големо искуство, што се манифестира преку мудрост, вештини, па дури и радост. Потрагата по најсреќните години во животот ги одвела научниците до две сосема различни доби во кои луѓето биле најсреќни.

Кои се двете најсреќни доби во животот на луѓето?

Според резултатите од неодамнешна студија, постојат два периода во животот кога луѓето се најсреќни. До ова откритие дошол престижниот колеџ за економија и политички науки во Лондон така што биле испитани над 23 илјади Германци на возраст од 17 до 85 години.

Испитаниците морале да одговорат на прашањето колку биле општо задоволни со својот живот и потоа да се обидат да предвидат како би се чувствувале и колку би биле задоволни со својот живот за 5 години од сега. Истите луѓе, по 5 години, повторно биле замолени да учествуваат во истата анкета.

Резултатите биле многу интересни. Имено, анализираните податоци покажале дека нивото на среќа во животот се движи во облик на буквата „U“ помеѓу 20-тата и 70-тата година, со тоа што највисоката точка на радост достигнувала во 23-тата година и потоа повторно во 69-тата година.

Истражувачите заклучиле и дека младите луѓе знаеле да го преценат нивото на своето идно животно задоволство, додека пак постарите го потценувале. Но животот е полн со изненадувања, дел добри, дел лоши, па оваа генерализација секако дека не одговора на сите. Сепак добро е да се знае отприлика околу кои години луѓето општо се чувствуваат посреќни и да го искористите тоа во ваша корист.

Кога сме на оваа тема, прочитајте ги и најубавите цитати за среќата!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар