9 правила на вистинските дами: Тие никогаш не наседнуваат на машката манипулација!

9 правила на вистинските дами: Тие никогаш не наседнуваат на машката манипулација!

Сигурно знаете дека ќе можете да најдете вистинска љубов само ако го отворите срцето. Но, не сакате да ризикувате и повторно да бидете повредени. Уморни сте од вложување време и енергија на погрешни момци кои само ја будат вашата фрустрација и разочарување за на крајот пак да завршите сингл и со празни раце. Конечно успеавте да најдете мир и среќа во животот и нема шанси да дозволите некому да се појави и повторно да направи хаос. Но, од друга страна, пак, не сакате да се откажете од љубовта.

9 правила на вистинските дами: Тие никогаш не наседнуваат на машката манипулација!

Сакате да запознаете вистински маж. Некој кој ќе направи да се чувствувате инспирирано и обожавано, но се плашите. По сѐ што сте поминале, не сакате повторно да си го губите времето. Како да се отворите себеси за љубов, но истовремено да си го заштитите срцето кое сте го негувале со толку многу грижа и внимание? Одговорот е да бидете отворени, а да не ги преминете границите. Тоа е сосема возможно и тоа е тајната што ја применуваат сите вистински дами. Ова се 9-те правила кои тие ги почитуваат во секоја љубовна врска…

1. Одбегнувајте ги мажите со ниска самодоверба

Ако тој не се сака и цени себеси, најверојатно нема да може ни да ве сака и цени ни вас. Најдете човек со голема самодоверба. Тоа е многу важно за секоја љубовна врска.

2. Проверете дали се согласуваат неговите животни вредности со вашите

Обрнете внимание на неговиот живот. Дали тој има здрав однос со неговите пријатели и семејство? Каква е неговата финансиска состојба? Какви се неговите односи со поранешните партнерки? Проверете како се одвива неговиот живот пред да му овозможите влез во вашиот.

3. Немојте да го прифаќате неговото лошо однесување

Размислете за постапките кои ве повредиле во минатите врски и запишете ги. Дали вашиот поранешен партнер бил пасивно-агресивен, негативен, критички настроен, некомуникативен или ладен? Ако вашиот сегашен партнер покажува сличен начин на однесување, разговарајте со него и кажете му дека тоа ви пречи. Ако тој не може или не сака да се промени, продолжете понатаму. Вие заслужувате маж кој ќе знае како треба да се однесува со вас.

9 правила на вистинските дами: Тие никогаш не наседнуваат на машката манипулација!

4. Обрнете внимание на неговите дела, а не зборови

Неговите дела покажуваат колку се грижи за вас, многу повеќе од неговите зборови. Дали тој одвојува време за вас и се обидува да го одржи контактот дури и кога не сте физички заедно? Дали ги исполнува своите ветувања? Внимателниот, грижлив, великодушен и доследен маж ќе биде прекрасен сопруг еден ден.

5. Проверете дали ве вклучува во сите области од неговиот живот

Со текот на времето, тој би требало да ве вклучи во сите аспекти од неговиот живот, без икслучоци! Тој би требало да ви посака добредојде во неговиот дом и канцеларија. Тој би требало да ве запознае со неговите пријатели и семејство. Тој би требало гордо да ве покажува пред целиот свет!

6. Бидете апсолутно сигурни дека е вљубен во вас

Ако партнерот е вљубен во вас, секогаш ќе му бидете на прво место. Тој постојано ќе сака да поминувате време заедно и ќе зборува за работите што му се допаѓаат кај вас. Нема да се сомневате во неговите чувства или нетрпеливо да го чекате неговиот повик. Ако тој е вљубен во вас, вие ќе го знаете тоа. Во спротивно, свртете нов лист и продолжете понатаму.

9 правила на вистинските дами: Тие никогаш не наседнуваат на машката манипулација!

7. Останете доследни на себе

Ако нешто ви пречи, кажете му го тоа. Доколку тој не им придава значење на вашите чувства или почне да зазема одбранбен став, тоа е голем знак на предупредување. Започнете врска со оној кој е свесен за сопственото однесување и подготвен е да ги направи потребните промени и компромиси. Бидете во врска со маж кој ги признава своите грешки и ги цени вашите чувства.

8. Не брзајте со сексуалните односи

Ако сакате да го пронајдете вистинскиот, најдобро е да почекате малку со сексуалните односи. Најпрво остварете емоционална интимност, па потоа посветете се на физичката. Доколку мажот со кого сакате да започнете врска е заинтересиран за вас, нема да му претставува проблем да ве почека. Но, ако го интересира само секс, воопшто нема да ги почитува вашите граници.

9. Погрижете се да се чувствувате опуштено и среќно кога сте со него

Ако чувствувате стрес или напнатост кога сте со него, имајте предвид дека нешто не е во ред. Верувајте му на вашиот инстинкт и обрнете внимание на вашите чувства. Доколку вашата врска може да изброи повеќе лоши денови отколку добри, можеби време е да продолжите понатаму. Кога врската е успешна и здрава, вие ќе се чувствувате среќно, опуштено и пријатно. Тоа го тврдат сите среќни парови!

Со помош на цврстите граници и високите очекувања, ќе знаете кога е сигурно за да го отворите срцето. Ако сте автентични, великодушни, топли и полни со љубов, ќе успеете да го пронајдете вистинскиот. Бидете отворени, но внимателни и ќе можете да ја почувствувате незаменливата магија на љубовта.

Доколку сте расположени за малку помодерни совети, прочитајте ги овие љубовни правила за новото доба кои не ви ги кажала мајка ви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар