Љубовни правила за новото доба кои не ви ги кажала мајка ви

Љубовни правила за новото доба кои не ви ги кажала мајка ви

Можеби не сте знаеле, но сексот во кујната може да ви ја спаси врската, а Фејсбук може да ви ја уништи за минута. Сте се скарале? Избројте до 10 пред да го објавите вашиот нов статус на Фејсбук. Времињата се променија, а со тоа дојдоа и новите правила за љубовните парови.

0-ljubovni-pravila-za-novoto-doba-koi-ne-vi-gi-kazhala-majka-vi-kafepauza.mk

1. Ставете се себеси на прво место

Луѓето кои посветуваат време на подобрување на себеси имаат поуспешни врски од оние кои се посветуваат исклучиво на својот партнер. Ако имате што да го/ја научите вашиот/ата дечко или девојка, ќе бидете многу повеќе поврзани.

2-ljubovni-pravila-za-novoto-doba-koi-ne-vi-gi-kazhala-majka-vi-kafepauza.mk

2. Практикувајте секс на брзинка

Знаеме дека звучи многу неромантично, но брзинскиот секс во кујната може да направи чуда за вашата врска. Живееме во брз свет во кој можеме да заборавиме на важните работи, а сексот е една од оние нешта на кои никако не смееме да забораваме.

1-ljubovni-pravila-za-novoto-doba-koi-ne-vi-gi-kazhala-majka-vi-kafepauza.mk

3. Легнете си лути

Правилото кое се промени гласи вака: Ако отидете во кревет лути, големи се шансите дека во РЕМ фазата на сонот самостојно ќе го решите што и да е она што ве мачело претходниот ден бидејќи тогаш мозокот ги прераспределува сеќавањата. Во превод – ќе се разбудите помалку нервозни заради вчерашната кавга и ќе ја решите на мирен начин.

3-ljubovni-pravila-za-novoto-doba-koi-ne-vi-gi-kazhala-majka-vi-kafepauza.mk

4. Држете се настрана од Фејсбук

Кога ќе се скарате понекогаш добивате потреба да го користите Фејсбук како издувен вентил. Знаеме дека не мора да напоменеме колку е тоа глупаво, но исто така знаеме дека во вакви активности се впушта секој трет пар. Вашите кавги треба да бидат приватни, и така врската подобро ќе ви функционира.

4-ljubovni-pravila-za-novoto-doba-koi-ne-vi-gi-kazhala-majka-vi-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар