Ќе ви го подобрат расположението: Ова се 10-те најслатки животни во светот

Ќе ви го подобрат расположението: Ова се 10-те најслатки животни во светот

Според извештајот на „Њујорк тајмс“, сликите со слатки животни ги стимулираат истите центри за задоволство во мозокот кои се активираат и од добриот секс, од храната и од психоактивните супстанции како што е кокаинот. Од тропските предели во џунглата и сушните пустини, до планините и океаните, ова се некои од најслатките животни во светот:

1. Мрзливец

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Travel Earth (@aroundtheworldpix) on

Покрај кучињата и мачките, мрзливците се едни од најпопуларните животни што луѓето ги гледаат на Интернет, а според зоолозите, причината за тоа е комбинацијата на нивната чудност, постојаната мистериозна насмевка и нивните слатки бебиња. Покрај тоа што се слатки, тие исто така имаат голем број необични карактеристики што ги прават фасцинантни.

2. Меркат

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Spring (@amandaspringart) on

Меркатите се мали животни кои живеат во Боцвана и во пустината Калахари. Тие се високи само 30 центиметри, а младенчињата само 6 центиметри. Живеат во подземни јами кои изгледаат како лавиринти со многу премини. Овие животни се месојади, многу се друштвени и живеат во групи од околу 30 единки. Тие имаат мали очи и црни влакна околу нив што наликуваат на очила за сонце и ги штитат очите од сонцето.

3. Коала

 

View this post on Instagram

 

A post shared by pisi pisi (@gorgeous._.animals) on

Коалите се животни чие однесување варира од благо каприциозно до целосна депресија. Но, и покрај нивниот навидум незгоден карактер, популарноста на коалите сугерира дека, како и во љубовните врски, нечиј добар изглед може да ги скрие и сериозните недостатоци.

4. Пингвин

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✸ Alvaro Lever Villarroel (@alvaro_lever) on

И овие водни птици се на списокот на најслатки животни. Во светот има 17 видови пингвини, повеќето од нив црно-бели. Пингвините не можат да летаат, но тие се одлични пливачи.

5. Црвена панда

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Red Pandas (@_redpandas) on

Црвената или малата панда е тревојаден цицач која е малку поголема од домашната мачка и е долга околу 56 центиметри. Таа ги населува Хималаите во Непал и во Јужна Кина. Двата вида панди имаат карактеристики на мечка и на ракун. Нивниот заеднички предок датира од пред 10.000.000 години и постоел низ цела Евроазија.

6. Бел кит

 

View this post on Instagram

 

A post shared by H.J. | Marine Life Artist (@aech.jay.in.pigment) on

Долг околу четири метри, белиот кит се наоѓа во поладните атрички мориња, со големина од околу една петтина од синиот кит. Со својата релативно мала големина и интересната структура на лицето и на челото, китот белуга е несомнено многу обожавано животно.

7. Риба кловн

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reny 🇨🇿 Abovewater Underwater (@tunatura_12) on

Овие риби можат да го променат полот и тие често може да се видат многу близу до предаторите чиј отров не влијае на овие риба и ја штити од другите предатори. Рибата плаќа за таа заштита јадејќи ги нивните остатоци и одржувајќи им ја куќата чиста.

8. Чинчила

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frostie & Sushi 🍣💘 (@instachinchilla) on

Татковината на чинчилите се јужноамериканските Анди. Во почетокот на 20-тиот век, тие биле пренесени во САД и во Канада, каде што станале омилени домашни миленичиња. Во Европа стигнуваат дури во средината на минатиот век.

9. Бела фока

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MM Documentary (@mmdocumentary) on

Гренландските фоки имаат перки наместо екстремитети, а возрасните фоки имаат дамка на грбот што наликува на седло. Гренландските фоки се цицачи, па дишат на бели дробови и своите младенчиња ги хранат со своето млеко. Тие го поминуваат поголемиот дел од животот во ледените води на северниот Атлантик. Но, овие издржливи животни одлично се снаоѓаат и во области со многу снег и мраз. Возрасните фоки тежат над 130 килограми и се долги околу 1,6 метри.

10. Голема панда

 

View this post on Instagram

 

A post shared by シャオルー (@taiwantravelxiaoru) on

Големата панда е цицач кој припаѓа на семејството мечки и потекнува од Централна и Јужна Кина. Оваа панда најчесто се храни со бамбус, но може да јаде и друга храна, на пример мед. Големата панда е едно од најзагрозените животни на планетата.

Можеби ве интересира кои животни спијат најдолго?