Каде се мозокот и очите на Алберт Ајнштајн? Факти кои можеби не сте ги знаеле за познатиот научник

Ретко се раѓа брилијантен ум како Алберт Ајнштајн, чиј живот бил полн со политички интриги, романтични афери и бизарни навики. За неговиот богат и интересен живот е откриено многу, но сигурно не знаете неколку работи поврзани за овој научник.

Каде се мозокот и очите на Алберт Ајнштајн? Факти кои можеби не сте ги знаеле за познатиот научник

На негови 16 години, се откажал од германското државјанство, велејќи дека повеќе би сакал да биде граѓанин на светот отколку националист. Тој немал државјанство до 1901 година, кога станал швајцарски државјанин. ФБИ имало огромно досие на Ајнштајн, над 1400 страници, во кои била опишана неговата поврзаност со мирот и социјалистичките движења. Тој бил голем борец за слобода на говор и човекови и граѓански права. Кога починал израелскиот претседател, во 1952 година, на Ајнштајн му било понудено да го заземе почитуваното место на Чаим Вајзман, кое тој љубезно го одбил, велејќи дека е стар, но и дека немал природна способност да се справува со луѓето.

Неговиот љубовен живот е, исто така, полн со пресврти. Иако неговата интелигенција го направила голем човек во очите на обичниот свет, неговиот љубовен живот ја покажал и неговата друга страна: длабоко несовршен, сентиментален и понекогаш суров човек. Ајнштајн зад себе имал два брака, еден со Милева Мариќ и другиот со својата братучетка Елса. За него се шпекулирало дека врската со својата братучетка ја започнал додека бил во брак со својата колешка – физичар. Се шпекулирало и дека жената со која тој имал афера во одреден момент, Маргарита Коненкова, била руски шпион, но историчарите никогаш не ги потврдиле овие шпекулации.

Каде се мозокот и очите на Алберт Ајнштајн? Факти кои можеби не сте ги знаеле за познатиот научник

Ајнштајн и Милева имале едно дете пред бракот, девојче за кое се мисли дека или починало како бебе или било дадено на посвојување. Во бракот со Милева, тие добиваат два сина, од кои на едниот од нив (Едвард), му била дијагностицирана шизофренија. Според некои написи, Ајнштајн бил благодарен за песните и цртежите кои му ги испраќал неговиот болен син, наведувајќи дека Едвард е „неговата слика и прилика која ја нападнала неизлечлива ментална болест“.

Негувал голема љубов кон виолината, без која не одел никаде, сакал да плови и пуши. За него се вели дека бил компулсивен пушач, и често бил фотографиран со своето луле. Тој во еден момент изјавил дека оваа ужасна навика му помогнала во работата, велејќи дека пушењето луле придонесува за смиреност и објективно расудување.

Покрај споменатото луле, Ајнштајн бил препознатлив и по бушавата коса, мустаќите и широките панталони, а неговите брчки го инспирирале дизајнерот на ликот на учителот Јода од филмот „Војна на ѕвездите“. Но, она што го прави неговиот изглед комплетен бил фактот дека тој никогаш не носел чорапи. Никогаш. И на тоа бил особено горд. Научникот не го правел ова само поради ексцентрични причини, туку сфатил дека неговиот палец на ногата постојано му прави дупки во чорапите, па поедноставно му било да престане да ги носи.

Каде се мозокот и очите на Алберт Ајнштајн? Факти кои можеби не сте ги знаеле за познатиот научник

Во април 1955 година, Ајнштајн бил примен во болница поради болка во градите. Тој починал следниот ден затоа што, наводно, одбил операција која би можела да му го спаси животот. И додека светот ја оплакувал смртта на тогашниот 76-годишен научник, во болницата се случувале зли и вознемирувачки работи. Била извршена обдукција на телото на научникот, од страна на д-р Томас Столк Харви кој немал дозвола да го стори тоа. Тој му ги извадил мозокот и очите на Ајнштајн, а остатокот од телото било предадено за кремирање. Ова било направено спротивно од последната желба на добитникот на Нобеловата награда, кој експлицитно барал неговото тело да биде кремирано додека неговиот мозок е сè уште во черепот. Лекарот, наводно, ретроактивно побарал, но и добил дозвола од синот на Ајнштајн, Ханс, да спроведе студија на мозокот на големиот Ајнштајн. Д-р Харви го чувал мозокот на научникот во својата канцеларија без никаков знак дека ќе ја започне студијата, па затоа бил отпуштен од болницата. Кога го напуштал работното место, лекарот со себе носел тегла со мозокот кој го исекол на 200 парчиња. Понекогаш, научниците контактирале со него за да им испрати дел од мозокот на Ајнштајн, за да го спроведат истражувањето што тој го вети, но никогаш не го спроведе. Приказната за мозокот на Ајнштајн, постхумано, е исто толку неверојатна колку и приказната за тоа колку бил паметен додека бил жив.

Што се однесува до неговите очи, тие му припаднале на неговиот офталмолог Хенри Абрамс. Абрамс и Ајнштајн биле одлични пријатели од моментот кога научникот станал негов пациент, и заедно учествувале во разни политички и активистички настани. Иако постоеле гласини дека очите ќе бидат ставени на аукција, Абрамс сè до неговата смрт негирал дека ќе ги продаде очите на некој кого го сметал за голем идол.

Абрамс починал во 2009 година, и се шпекулира дека некаде во Њујорк, заклучени во сеф и понатаму се наоѓаат очите на Алберт Ајнштајн.

Можеби сакате да прочитате и за неверојатниот живот на пејачката Едит Пјаф кој не се среќава ниту во романите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар