Килим што можете да го направите сами: Ако станувате на лева нога, барем направете го станувањето удобно!

За овој проект ви е потребно малку време и вешти раце, а може да го вклучите и целото семејство! Резултатот што ќе го добиете ќе биде шармантен и пријатен килим за спалната соба или по ваш избор.

Килим што можете да го направите сами: Ако станувате на лева нога, барем направете го станувањето удобно!

Пред сè, потребни ви се неколку видови волна. За дебелината на волната можете сами да одлучите и ве советуваме да одберете волна со различна дебелина и во неколку бои што одговараат на вашиот ентериер. Количината на волна што ви треба зависи од големината и дебелината на килимот што сакате да го направите. Сепак, можете да започнете со 5 парчиња волна и да видите дали ќе ви биде доволно.

Потребни материјали:

  • неколку топчиња волна
  • подлога со дупки

Начин на изработка:

  1. Направете волнени топчиња пом-пом. Завијте ја волната околу прстите и цврсто врзете ја завитканата волна на средина. Кога ќе го сторите тоа, пресечете ги врвовите на половината и наредете ја волната така што ќе добиете форма на топче. Целиот процес на изработка можете да го видите во видеото.
  2. Исто така, особено нагласуваме дека не треба да заборавите да оставите парче волна за да можете да го прицврстите килимот со подлогата со дупки.
  3. Откако ќе направите доволно волнени топчиња, врзете ги на подлогата со дупки и го имате вашиот нов мек килим!

Погледнете и како да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар