Дали знаете дека можете да го истренирате вашето тело да не чувствува студ?

Дали знаете дека можете да го истренирате вашето тело да не чувствува студ?

Некои луѓе не можат да издржат студено и им припаѓаат на оние што го прегрнуваат радијаторот во зима како да им е најдобар пријател. Меѓутоа, што ако греењето во просторијата не е соодветно и студот ве тера да посегнете по долгиот шал и да се обвиткате четирипати така што ќе ви се гледаат само носот и очите, но сè уште ви е ладно? Што ако на работа, во канцеларијата вие сте единствениот секогаш облечен во повеќе слоеви облека додека вашите колеги уживаат облечени во блузи?

Дали знаете дека можете да го истренирате вашето тело да не чувствува студ?

Се разбира, малку пониската температура на воздухот не претставува закана кога станува збор за одржување на телесната температура од околу 36,5 степени. Покрај тоа, во 1970 година, многу малку луѓе имале централно греење, а просечната температура во британските домови во зима била само 12 степени. Дали е можно да се чувствувате пријатно на оваа температура? Можете ли да станете отпорни, како оние личности кои се појавуваат пред киоск или во продавница во шорцови и маица во средината на февруари?

Според Кристофер Минсон, професор по филозофија на Универзитетот во Орегон, постои надеж дека и тоа е можно.

„Луѓето можат да се приспособат на пониски температури. Од нашиот совршено затоплен или климатизиран дом, се упатуваме кон нашите совршено загреани или климатизирани автомобили, кои ги возиме до нашите совршено затоплени или климатизирани канцеларии на работа. Ова не е здраво затоа што не ја тренираме нашата способност да ја задржи топлината и нашата перцепција за прифатлива температура станува неприродно тесна“, вели Кристофер Минсон.

Метаболизмот е тој што прави да не ви биде топло, односно количината енергија што ја произведувате. Сепак, постојат физиолошки разлики – некои луѓе треба да работат понапорно од другите за да ја одржат телесната температура. Мажите имаат поголема мускулна маса отколку жените и тоа им помага да им биде потопло бидејќи повеќе мускули подразбираат зголемен метаболизам, односно способност за согорување на енергијата од храната. Ова може да биде причина за чести дискусии во канцелариите помеѓу мажите и жените за совршената температура.

Како да не ви биде ладно?

Секогаш има исклучоци и други причини зошто на некои луѓе им е поладно отколку на други. Возраста е важен фактор затоа што како што стареете, толку е побавен метаболизмот.

„Сите ние имаме термички рецептори. Преку кожата, мускулите, органите и ткивата, тие пренесуваат информации до хипоталамусот, во кој се наоѓа центарот за регулирање на температурата. Дури и ако температурата на крвта е 36,5 степени, сигналите кои доаѓаат од рецепторот што укажуваат на пониска температура се сметаат како закана за организмот. Ова предизвикува вазоконстрикција во кожата – стеснување на крвните садови што резултира со зголемување на крвниот притисок, забавување на крвотокот и намалување на телесната температура за да се намали испуштањето на топлината од крвта во надворешниот свет. Како одговор на тоа, нам ни е ладно и облекуваме дополнителна гардероба.“

Можно е да се истренира телото да чувствува помалку студ. Професорот самиот го спровел експериментот на себе.

„Дојде зимата и јас логично се опремив со соодветна јакна. Одејќи на работа, секој ден гледав луѓе како одат во маички и решив да ги копирам. Првите неколку дена ми беше навистина ладно, но за помалку од една недела ми стана полесно, а по неколку недели можев да возам со рацете целосно изложени и да не ми биде ладно.“

Минсон е исто така љубител на туширањето со поладна вода. Прво се туширал со ладна вода околу 15 секунди, па го зголемил тој интервал на 30 секунди и продолжил така сè додека не стигнал до состојба да издржи еден час. На почетокот е многу тешко, но телото се приспособува. По еден или два месеци, почнало да му биде помалку ладно кога ќе излезе на ладен воздух.

Овој ефект главно се сведува на приспособувањето на нашата перцепција за опасноста од студот.

„Терморецепторите во вашата кожа ќе почнат да му кажуваат на вашиот мозок дека температурата не е закана“, открива Минсон.

Друга придобивка е што изложеноста на пониски температури го тренира организмот поефикасно да се храни, да го забрза метаболизмот и да го зголеми квалитетот на вазоконстрикцијата. Очигледна причина за чувството на студ е, исто така, седењето на работа со часови додека ги движите само прстите и очите. Само 40 минути вежбање пред да седнете може да го загреат телото во наредните два часа.

Исхраната, исто така, го забрзува метаболизмот на неколку часа така што се подобрува варењето на храната. Сепак, некои намирници имаат повеќе термички ефекти од останатите. Мастите и протеините создаваат повеќе топлина, за разлика од едноставните јаглехидрати кои се лесно сварливи и брзо стигнуваат до крвотокот.

Видот на гардеробата или материјалите од кои е изработена исто така може да влијаат на чувството на топлина. Носењето природни материјали помага да се отстрани водата од кожата, што е еден од главните збунувачи на вашите рецептори.

Дали кога надвор е ладно често одите во тоалет? Лекарите откриваат дали е тоа опасно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар